1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија со Лев ќе атакува на светската титула

Селекторот на најдобрата германска селекција го продолжи договорот до 2016. година. Германците се надеваат дека со Лев ќе стигнат до шампионската титула во Бразил.

Претседателот на германската фудбалска федерација ДФБ, Волфганг Нирсбах потврди дека договорот со Јоахим Лев е продолжен за уште три години, оценувајќи ја досегашната соработка како многу успешна.

Под раководство на 53-годишниот Лев, Германија го освои второто место на Европското првенство во 2008., стигна до третото место на Светското првенство во 2010., и до полуфиналето на ЕП во 2012. Германија се пласираше за СП во Бразил без ниту еден пораз во квалификациите, и се смета за еден од фаворитите на претстојниот Мундијал. Лев го презеде кормилото на селекцијата по 2006. по Светското првенство кое се одржа во Германија, откако дотогаш работеше како помошник на селекторот Јирген Клинсман.

„Во следните месеци ќе влеземе со голема мотивација и страст. Убедени сме

Polen Danzig Deutsche Nationalmannschaft

Тренинг на германската фудбалска репрезентација

дека можеме да одиграме добро Светско првенство. Имаме одличен тим и ќе се подготвиме добро“, најави денеска Лев.

„Имам голема мотивација да го развивам тимот и натаму. Се‘ уште не сме стигнале до крајот на патот, се‘ уште имаме големи цели кои сакаме да ги постигнеме заеднички“.

Лев, сепак, одби да ја прифати улогата на фаворит на германската репрезентација, оценувајќи дека на првенството во преден план ќе бидат актуелниот првак Шпанија и домаќинот Бразил.

Предвременото продолжување на договорот, кој истекуваше по СП во 2014, со Лев е јасен сигнал на доверба во работата на селекторот кој изгради силна репрезентација со одлични техничари како Месуд Езил, Томас Молер, Бастијан Швајнштајгер и Марио Геце. Германија се искачи од 22. место на светската ранг листа на второто место, во последните седум години под негово раководство.

Тоа ги зголеми и очекувањата на јавноста и притисокот врз талентираната генерација, конечно и да освои еден врвен турнир. Последната титула на едно европско или светско првенство беше прокнижена на Еуро во Англија во 1996. година.

WM 1990 Italien Beckenbauer Flash

Франц Бекенбауер (во средина) ја прославува титулата во 1990.

Националната фудбалска икона Франц Бекенбауер, кој го предводеше тимот до последната титула на Мундијалите во 1990 година, го поздрави продолжувањето на договорот со Лев.

„Лев го држи тимот под контрола. Никој не може да ја гарантира титулата со продолжување на договорот. Германскиот тим ќе одигра добар Мундијал. Дали тоа ќе биде доволно за освојување на титулата е сосема друга приказна“, изјави Бекенбауер.