1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – случај Литвиненко

*

Германија веројатно посредува меѓу Русија и Велика Британија околу испораката на осомничените убијци на екс рускиот агент, Александар Литвиненко. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, утре треба да го прими на разговори рускиот колега, Сергеј Лавров. Вчера Штајнмаер веќе разговараше со британскиот колега Дејвид Милибанд, по што изјави оти се надева дека билатералните чекори на Москва и Лондон за расчистување на конфликтот по убиството на Литвиненко нема да водат кон криза. Официјален Лондон протера четворица руски дипломати откако Москва одби да го испорача Андреј Луговој, главниот осомничен за убиството на Литвиненко. Москва го осуди чинот и се закани со контрамерки.