1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија се сеќава на жртвите на холокаустот

Германија има „вечна одговорност“ за злосторствата на националсоцијализмот. Тоа мора да се пренесува од генерација на генерација, изјави канцеларката Ангела Меркел, по повод Меѓународниот ден на жртвите на холокаустот.

„Мора да се каже, со храброст, цивилен кураж, секој поединец може да даде сопствен придонес кон тоа расизмот и антисемитизмот да не добијат никаква шанса“, истакна Ангела Меркел по повод Мешународниот ден во спомен на жртвите на националсоцијализмот. Нз цела Германија се одржуваат комеморации на 27.01, денот кога во 1945 година е ослободен концентрациониот логор Аушвиц од страна на советските трупи на Црвената армија. Денот се одбележува со одлука на Он во 2006 година низ цел свет, а во Германија тоа с еправи уште од 1996 година. Бидејќи датумот паѓа денеска, во недела, традиционалната седница на Бундестагот во чест на жртвите на холокаустот е преместена за в среда.

Канцеларката Меркел во нејзиното видое обраќање истакнува дека преземањето на власта од националсоцијалистите пред 80 години е „потфрлање на демократскиот поредок“. Затоа е дотолку поважно Германците да не го заборават ова темно поглавје од нивното минато за тоа никогаш да не се повтори, вели Меркел.