1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија се подготвува за дуелот против Турција

На Европското првенство во Австрија и Швајцарија трае дводневна пауза. Одмор за фановите, но не и за фудбалерите на четирите најдобри репрезентации кои се пласираа во полуфиналната завршница.

default

Германската репрезентација

Германија и Турција, во среда во Базел ќе играат во првото полуфинале. Русија и Шпанија за место во големотот финале ќе се борат во четврток. Избраниците на селекторот Јоаким Лев по опуштениот одмор во кругот на семејството и два дена без топка, започнаа со интензивни подготовки за натпреварот во Базел против турците. Веќе тие го одржаа првиот тренинг. Дванаесет години по освоениот европски трофеј. Tренерот на голманите Андреас Кепке,смета дека Германија е пред историска шанса повторно да се најде на врвот.

„ Мислам дека е повторно време за пишување историја. Се наоѓаме меѓу последните четири репрезентации. Имаме голема шанса тоа и да го постигнеме“, изјави Кепке. Голманот Јенс Леман за очекувањата од дуелот против Турција изјави:

„ Јас доаѓам од Рурската област, каде пораснав со Турци. Со многумина од нив играв во еден тим, ги сакам. Мислам дека турците се составен дел од нашето живеење во Германија. Добро е што играме против нив„ изјави Леман.

Лам:мора да се покажеме во добро светло

Дефанзивецот, Филип Лам, кој на првенството игра во одлична форма, во врска со претстојниот дуел оценува:

„ На натпреварот во среда мораме да се покажеме добро. Дека ќе биде тешко, тое е повеќе од јасно. Станува збор за полуфинале на Европското првенство, но јас сум полн со самодоверба“, изјави Лам.

И Турците оптимисти

Fußball EM 2008 Türkei Tschechien türkische Fans in Deutschland

Турски навивачи

Својот оптимизам не го кријат ниту во редовите на турската фудбалска репрезентација, која во два драматични натпревара, најпрвин ги испратија дома Чесите, а подоцна и Хрватите.

„ Мислам дека може да се случат уште многу работи доколку човек верува во себе„ изјави Хамит Алтинтоп, кој настапува за германскиот првак Баерн Минхен. Инаку Германија и Турција за прв пат по 1954 година се среќаваат во завршницата на некои од фудбалските шампионати.