1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија се отвора и за занаетчии од странство

Германската влада има намера да го отвори пазарот на работна сила и за квалификувани работици од странство кои немаат високошколска диплома.

default

На Германија и‘ недостигаат негуватели, машиновозачи, електричари, монтери... Во многу занаети многу работни места се празни. Германската влада тоа го согледа и има намера да го промени законот за вработување работници од странство, за ваквата состојба да биде надмината.

Новата уредба за вработување, која денеска (27.02) помина на седница на Владата во Берлин, е насочена кон занаетчии и стручна работна сила од земјите кои не се членки на ЕУ. Кандидати од трети држави ќе смеат да работат во Германија доколку имаат соодветно образование за гранка во која недостигаат работници.

Нова листа на професии каде се потребни работници

Професиите каде состојбата со работна сила е критична ќе бидат ставени на нова листа, изработена од Министерството за труд и Агенцијата за труд. За луѓето со универзитетска диплома Владата веќе состави ваква позитивна листа во јуни 2011 година, а таа подоцна беше и проширена.

Новото правило би требало да стапи во сила од 1 јули, доколку претходно за него согласност даде и Бундесратот. За отворање на германскиот пазар на работна сила на почетокот на февруари се изјасни и Организацијата за економска соработка и развој.