Германија се наоѓа во фаза на подолготраен стопански подем | Економија | DW | 19.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија се наоѓа во фаза на подолготраен стопански подем

Со оглед на поволниот тренд, веројатно за прв пат по неколку децении наредната година Германија ќе ја помине без натамошно да се задолжува

default

Годинава и во 2008-ма германското стопанство ќе бележи пораст од по 2,4 насто – проценуваат петте водечки германски институти за економски истражувања во денеска објавената пролетна прогноза, со оцена дека нема опасност конјунктурата нагло да биде прекината. Новата прогноза е значително поповолна отколку есенската од пред неколку месеци, кога беше предвидуван пораст од 1,7 насто.

Економските истражувачи признаваат дека лани премногу песимистички ги процениле влијанијата на покачувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ). Тие посебно истакнуваат дека најсилен придонес за подемот дава приватната потрошувачка: невработеноста се намалува, примањата растат, луѓето повторно трошат повеќе пари. Порастот на цените е стабилен и за оваа и наредната година се проценува идентично – на 1,8 насто.

Натамошно ќе опаѓа и невработеноста – до крајот на наредната година на помалку од три ипол милиони и стапка од осум насто.

Со робустниот конјунктурен развој и со оглед на растечките даночни приходи, во март рекордни 38,4 милијарди евра, или 16,4 проценти повеќе отколку во истиот месец лани, Германија може наредната година да ја помине без ново задолжување.

Но, истражувачите смеааат дека мора да продолжи стриктната политика на штедење и санирање на буџетот. Истовремено тие бараат во догледно време намалување на даноците на приходи, за натамошно поттикнување на стопанскиот пораст и на вработувањето.