1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија сепак попушта за помош за Кипар?

Германската влада веројатно е подготвена да се согласи за пакет финансиска помош за Кипар. Комисијата на ЕУ очекува дека оваа островска држава, според барањата ќе преземе мерки против затајувањето данок и перењето пари.

Притисокот врз германската влада се чини донесе плод: Европската централна банка и Комисијата на ЕУ извршија притисoк врз Германија да учествува во пакетот помош за евро-земјата Кипар, и тоа очигледно ќе донесе позитивен исход. Весникот „Зидојче цајтунг“ пишува дека Берлин нема повеќе да се противи за помош за Кипар.

Од една страна се очекува, дека барањата на министерот за финансии Волфганг Шојбле ќе бидат помали, отколку што се очекуваше. Пред половина година Кипар побара помош од ЕУ - тогаш беше пресметано дека финансиската потреба изнесува 17,5 милијарди евра. Во меѓувреме владата во Никозија очекува дека за спас на банките наместо десет милијарди ќе бидат потребни осум милијарди евра.

Од друга страна се’ поизгледно е дека кипарската влада конечно има намера да ги спроведе реформите, кои од неа ги бараат европските партнери. Германските задршки за помош за Кипар се поради тоа што постои сомневање дека со милијардите на ЕУ за Никозија ќе се спасат и нелегално заработени пари од Источна Европа. На Кипар му се префрлува дека не презема доволно мерки против даночните измами и дека толерирал, криминалци, пред се’ од Русија, во земјата да ги перат парите од црните сметки.