1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија светски првак во дресурно јавање

default

На светското првенство во коњички спортови, што се одржува во Ахен, Германија го освои златниот медал во крунската дисциплина – дресурно јавање екипно. Изабел Верт, Надин Капелман, Хајке Кемер, заедно и со Хуберт Шмит (за пласман се бодуваат трите подобри резултати, па неговиот немаше решавачко значење), беа подобри од холандските претставници предводени од олимписката победничка Анки ван Гринсвен. Бронзениот медал им припадна на Американците. Надин Капелман имаше посебна причина за радост: „Што може да биде поубаво отколку да станеш светски првак на само три километри од прагот на сопствениот дом?“. Воодушевена беше и Изабел Верт: „Да, супер. Подобро не може да биде. Ние сме едноставно среќни и ќе ни треба некое време додека сево ова да го преработиме во себе“.