1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија сака посилна заштита на децата во конфликтни региони

Германија го презема претседавањето со СБ на ОН и за своја цел си зацрта - во фокусот на работењето да и‘ биде засилување на заштитата на децата во конфликтните подрачја. Денеска во ОН ќе се разгледува резолуција.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во ОН

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во ОН

Бројките во светот се алармантни - УНЕСКО проценува дека меѓу 1998 и 2008 година во вооружени конфликти во светот биле убиени два милиона деца, а шест милиони се задобиле со тешки повреди. Околу 300.000 деца се злоупотребуваат како деца-војници. Сексуалното насилство и злоупотреба на децата е присутно ширум светот. Притоа, речиси 20 години децата се под особена заштита на меѓународната заедница. Во 1990 година во сила стапи Конвенцијата на ОН за права на децата. Според меѓународното право, како воени злосторства врз децата важат шест вида на злосторства, меѓу кои и тоа децата да бидат ангажирани како војници, или да бидат убивани или сексуално злоупотребувани.

Црна листа како средство за притисок

Страна во конфликт која извршува вакви злосторства може да биде ставена на црна листа од страна на Советот за безбедност на ОН. „Земјите, владите и бунтовничките групи кои се на оваа црна листа сакаат да бидат симнати од нејзе“, вели Петер Витих, германски амбасадор во ОН, објаснувајќи дека ставањето на црна листа воопшто не е наивно.

Чад е пофалена од ОН за намерата да ги исклучи децата од безбедносните сили

Чад е пофалена од ОН за намерата да ги исклучи децата од безбедносните сили

За да бидат симнати од листата, погодените земји мора да донесат Акционен план и него да го спроведат. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун објаснува дека при подготовката за дебата, во девет конфликтни подрачја биле донесени 15 акциони планови, а два се очекуваат до крајот на годината.

Ваквиот успех го покажува дејството на црната листа, вели генералниот секретар на ОН. Еден од примерите е Чад, каде неодамна беа договорени вакви планови. Бан вели: „Сакам да ја пофалам владата на Чад за намерата да ги исклучи децата од безбедносните сили и со тоа да ја исполни Резолуцијата на ОН 1612“. Тој вети: „Кога Акциониот план ќе биде спроведен, Чад ќе биде отстранет од дневниот ред на работната група на Советот на безбедност (за заштита на децата н.з.).“ Владите на Демократска Република Конго, Мјанмар и Судан, како и владата на Сомалија би можеле да се угледаат на Чад.

Што се сака со новата резолуција?

Целта на резолуцијата за која денеска (12.07) на почетокот на отворената дебата ќе се гласа во Советот за безбедност е да се осуди и друг вид злосторство и тоа

Ако вака се напредува, за 25 години, не би имало деца-војници

Ако вака се напредува, за 25 години, не би имало деца-војници

да се вклучи во причините за ставање на една земја или страна во конфликт на црната листа - напад врз училишта и болници.

Доколку резолуцијата биде донесена, Советот за безбедност би можел во дадени случаи да воведе натамошни санкции. Претставниците на невладините организации, сепак, критикуваат дека тоа се прави преретко. Ева Сметс, директор на Воч-листата за деца и вооружени конфликти, нагласува: „До денес, само во два случаи се посегнало по други мерки - пред неколку години на Брегот на слоновата коска и неодамна во ДР Конго.“

Сепак, борците за права на децата не губат надеж. Ако вака се напредува, за 25 години, како што гласат проценките, на светот барем не би имало деца-војници.

Автор: Кристина Бергман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски