1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија: Романија и Бугарија не можат во Шенген

Германскиот министер за внатрешни работи изрази сомневање за скорешен пристап на Романија и Бугарија во Шенген зоната. На состанокот со неговите европски ресорни колеги во септември повторни ќе се разгледува ова прашање.

Во германската влада и на покраинско ниво расте сомнежот за скорешен пристап на Романија и Бугарија во Шенген зоната. „Би можело да се случи планирананото воведување слобода на контролите на аеродромите и пристаништата да се оддолжи“, изјави министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих за весникот„Хамбуергер абендблат“. Тој се уште не гледа отворање на гранциите на земјите, дополни министерот.

Тој укажа дека развојот во Бугарија „за жал“ не е дотаму, како што се очекувало. Во Романија пак во моментов постои сомнителен политички развој, дополни Фридрих. „Се разбира е релевантно за пристапот во Шенген зоната, каква е внатрешната архитектура на државноправниот систем на една земја“, изјави Фридрих.

На состанокот на ЕУ министрите за внатрешни работи во септември повторно треба да биде разгледан двостепениот план на Германија и Франција, кој пред една година требаше да стапи во сила, но не беше усвоен поради противење на Холандија. Планот предвидува прво укинување на контролите на аеродромите и пристаништата, а потоа во следниот чекор отворање на копнените граници.