1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија расчистува со антициганизмот

Тие се Германци и со векови живеат во земјата. Но Синтите и Ромите сѐ до денес се дискриминирани. Во покраината Баден Виртемберг денеска (28.11) е потпишан закон со кој се признаваат нивните права.

default

Даниел Штраус и Винфрид Кречман

„Ние бевме тука, уште пред да постои оваа земја“, вели Даниел Штраус, жител на Баден Виртемберг, кој добро го познава чувството да бидеш отфрлен во сопствената татковина. Со неговиот потпис, како претседавач со Националната асоцијацијата на Синтите и Ромите, како и оној на премиерот на Баден Виртемберг, Винфрид Кречман, во Штутгарт за малцинствата во покраината треба да почне ново доба: признавање на еднаквоста за кое се бореа 18 години.

Покраинскиот закон регулира дека Синтите и Ромите повеќе од 600 години се дел од културата на земјата и дека како заштитено малцинство имаат право на развој на својата култура и на својот ромски јазик. Истото право важи и за Фризијците, Данците и Лужичките Срби во други делови на Германија. Шлезвиг- Холштајн го запиша малцинското право за Синтите и Ромите во покраинскиот Устав.

Нацистичките злосторства предоцна признати

Ромите и Синтите, маргинализирани уште од Средниот век, сѐ до прогонот во времето на националсоцијализмот, сето тоа е документирано во новиот државен договор. Од Штутгарт во 1943 година со товарни возови Ромите и Синтите беа транспортирани во Аушвиц. Најмладиот „патник“ беше двомесечно бебе. Во т.н. „цигански логори“ беа убиени илјадници луѓе и најголемиот дел депортирани од Штутгарт. Злосторствата на нацистичкиот режим, се наведува во договорот, беа предоцна признати од политиката и никогаш не беа докрај истражени.

Се проценува дека само околу 10 проценти од Синтите и Ромите во Германија го преживеале нацистичкиот период. Со децении потоа злосторствата беа прикривани и непроцесуирани.

Бабата на Даниел Штраус, како и неговите тетки, чичковци, роднини биле убиени во Аушвиц. Нацистите им ги одзеле куќите и имотот и тие никогаш не им се вратени.

Покраинскиот закон не се занимава само со прашања од минатото. „Важно е на државно ниво да се препознае ’антициганизмот’ како општествен проблем“, вели Даниел Штраус.

Политичкиот научник Маркус Енд го истражува феноменот со години. Под антициганизам тој подразбира „расизам против луѓе кои се стигматизираат како цигани“.

Вековни предрасуди

Предрасудите и клишеата за малцинството се шират со векови, тоа го покажува и литературниот научник Клаус-Михаел Богдал во книгата „Европа ги открива циганите“. Медиумите се‘ уште го прават тоа, како што покажа случајот со

Daniel Strauß, Vorsitzender des Landesverbands der Sinti und Roma Baden-Württemberg

Штраус на прием кај претседателот Јоахим Гаук

русокосото девојче Марија, кое беше пронајдено во Грција, вели Енд. Научникот ги документирал своите сознанија во книгата „Мислења за антициганизмот“, во која посочува колку многу се распространети предрасудите и омразата во општеството. Тој не наоѓа примери само кај екстремистите, туку и меѓу политичарите на етаблираните партии, или дури и во полицијата.

Даниел Штраус во минатото честопати имал проблем да најде стан за живеење. Еден сопственик дури и му ги зел клучевите, иако претходно се договориле за кирија. „Вие сте циган, тоа моравте да ми го кажете“, му рекол издавачот. И неговите деца секојдневно се соочуваат со дискриминација и не само при барањето стан. Неговиот син бил одбиен за работа во некој банка и покрај тоа што имал најдобри резултати на тестот, само затоа што напишал дека го говори и ромскиот јазик.

Анкетите спроведени меѓу претставници на малцинствата покажуваат дека 80 отсто од нив најмалку еднаш биле дискриминирани. Законот во Баден Виртемберг ќе послужи и за едукација. Покраината се обврза дека ќе ги вклучи историјата и сегашноста на Ромите и Синтите во училишните планови, со цел кај учениците да се пресретнат предрасудите кон нив. Ќе биде отворен и истражувачки центар за историјата и културата на малцинствата, како и за антициганизмот.