1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија: растот на криминалот поврзан со зголемената миграција

Само подобра интеграција ќе го намали ризикот од раст на стапката на криминал меѓу мигрантите, наведува една студија. Зголемената стапка на криминал во Долна Саксонија е поврзана со растот на мигрантите.

Водечките германски криминолози велат дека најдобрата шанса за превенирање на насилниот криминал меѓу мигрантите е понуда на повеќе интегративни модели како учење на јазик, спорт и практикуми. Студијата, изработена од криминолози на Универзитетот во Цирих а нарачана од германското Министерство за семејство, го истражувала растот на насилниот криминал во Германија во последните две години. Студијата открива поврзаност меѓу зголемениот број на пријавени случаи на насилен криминал во покраината Долна Саксонија и значителниот раст на бројот на мигрантите во таа покраина. Според заклучоците, полицијата евидентирала зголемување од 10,4 проценти на насилниот криминал во 2015 и 2016 година, од кои 92,1 отсто им се припишуваат на мигранти. 

Повеќе на темата: 

Бегалци во светот - над 150 милиони луѓе сакаат да мигрираат

Миграцијата предизвикува раскол во ЕУ

Парични премии за доброволно заминување од Германија 


Авторите на студијата, Кристијан Фајфер, Дирк Бајер и Серен Клим, тврдат дека растот делумно се должи и на тоа што насилниот криминал сторен од мигранти е двојно поверојатно да биде пријавен, за разлика од оној сторен од германски државјани.

Возраста игра улога
Дополнителен фактор кој авторите го земале предвид е возраста на мигрантите. Според студијата, мажи на возраст меѓу 14 и 30 години е поверојатно да сторат криминално насилство одошто останатите во други возрасни групи. Притоа, токму мажите меѓу 14 и 30 години сочинуваат најголем дел од мигрантите во Долна Саксонија, што пак за возврат ја објаснува поврзаноста меѓу растот на криминалот и зголемениот број на мигранти во таа покраина.

Гледај видео 01:02

Бегалците - опасност или измислица


Допололнително, авторите велат дека постои значителна разлика според земјата на потекло, заклучувајќи дека мажите по потекло од Сирија, Ирак и Авганистан сториле далеку помалку криминални прекршоци, одошто оние по потекло од Северна Африка.
Нејасно е зошто во студијата не биле вклучени и други германски покраини. Откритијата ги потврдуваат претходните сомнежи дека насилниот криминал драматично се зголемил како резултат на мигрантската криза. Сепак, други студии изработени досега ја отфрлаат таа поврзаност.
Од 2015 година, во Германија пристигнаа повеќе од еден милион мигранти, поголемиот дел од нив бегалци од војните и екстремната сиромаштија на Блискиот исток, Азија и Африка.
Зголемениот број на мигранти беше резултат и на политиката на отворени врати на германската канцеларка Ангела Меркел кон Сиријците кои бегаа од граѓанската војна во нивната држава.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема