Германија – развојна помош | Вести | DW | 01.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – развојна помош

Германската канцеларка Ангела Меркел најави значително зголемување на развојната помош. Според најавата помошта во наредната година треба да биде зголемена за 750 милиони евра. Министерката за развојна помош Хајдемари Вичорек Цојл посочи дека дополнителните средства ќе бидат насочени пред се‘ кон програми за борба против сиромаштијата, сидата и за заштитта на климата во Африка.

“Имаме намера финансиски да го поддржиме пред се‘ глобалниот фонд што се бори против пандемиите и болестите“ - појасни Вичорек Цојл.