1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија - мојата приказна

Германија профитира од новите граѓани на ЕУ

Кога во 2011. година германскиот пазар на труд беше отворен за новите земји членки на ЕУ од источна Европа, постоеше страв од масовен прилив на работници од овие земји.

„Од парите кои овде ќе ги заработам за два месеца, можам да живеам во Полска половина година“, вели 45-годишната Данута Јасионек, додека мие садови во кујната на плантажата за шпаргли и за јагоди во Борнхајм во Рајнската област. Веќе девет години таа редовно работи како сезонски работник во Германија. „Порано ни требаше речиси еден месец за да добиеме луѓе“, објаснува раководителот на плантажата Клаус Ритер. „Сега е потребен само еден телефонски повик и во рок од една недела работниците се овде“. Причина за тоа е слободното движење на работната сила во рамките на ЕУ: од 1. мај 2011. година граѓаните од Средна и Источна Европа (освен од Бугарија и од Романија) можат неограничено да работат во Гермаија.
Меѓу околу 1.000 сезонски работници, кои од пролет до есен работат на плантажата во Борхајм, има се’ повеќе Бугари и Романци. Но, и Германци работат тука, како на пример, 61- годишната Гизела Клајн. „Работам тука веќе шест години и добро се согласувам со странските сезонски работници“, раскажува таа. „Само со јазикот понекогаш има проблеми, но освен тоа се' е во ред“, вели таа и покажува на отпечатените листови хартија на работната маса со романски, бугарски и полски превод на германски зборови.

Повремено работат во Германија, а живеат во Полска

За неколку месеци овие жени повторно ќе се разделат, најмалку до следната сезона. Данута Јасионек секогаш си оди дома, во Полска, како и повеќето нејзини сонародници. Кога и‘ се нуди можност таа работи еден или два месеца во Германија, но сака да живее во својата земја. Слично размислуваат и поквалификуваните граѓани на ЕУ од новите земји-членки од Средна и Источна Европа. „Пред 20 години за да се дојде тука поттик беше разликата во платите во Германија и нивната земја“, објаснува портпаролката од Централниот регистар за странска и стручна работна сила на Сојузната агенција за вработување, Беате Рабе. „Но, оваа разлика во платите е намалена, можностите за заработувачка во Полска се подобрени“. Поради тоа и желбата да се најде работа во Германија е помала од порано.

Grenzübergang Philippsreut

Граничниот премин Филипсројт


Кога во 2011. година германскиот пазар на труд беше отворен за граѓаните од земјите-членки на ЕУ од Средна и од Источна Европа (освен од Бугарија и Романија), се појавија стравувања дека и покрај зголемениот животен стандард во овие земји, може да дојде до преплавување на пазарот на труд во Германија со работници од новите земји на ЕУ. Но, Гизела Клајн, која работи во кујна, уверува дека луѓето како нејзините колешки од Полска нема да им ја преземат работата на Германците.

Ова го потврдува и експертот за пазарот на труд Оливер Копел од Институтот за германска економија од Келн. Стравот од преплавување на пазарот на труд е целосно неоснован. „Од една страна, чисто квантитавните димензии се одржаа во рамките на границите. Бројките останаа прегледни“ , кажува Копел. „Од друга страна, во Германија имаме секако предност дека ситуацијата на пазарот на труд се одвива многу добро, што значи дека имаме многу висока побарувачка на работна сила“.

Во 2010-та, значи годината во која стапи во сила правилото за слобода на движење на работната сила, во Германија дошле 130 илјади доселеници од Полска,75 илјади од Романија и 39 илјади од Бугарија. Во 2011. година овие бројки речиси и не пораснале, вели експертот за пазарот на труд, Копел. Една година по отворањето на германскиот пазар на работна сила за граѓаните од повеќето нови членки на ЕУ во Германија дошле меѓу 63 илјади и 89 илјади луѓе од овие земји, соопштуваат Сојузната агенција за вработување и Сојузниот завод за миграција и бегалци (БАМФ).

Практиканти од Полска можат да ги пополнат дупките во источна Германија

Meister Jozef Dziubaczka (vorn) aus Polen arbeitet auf der Baustelle Augustusplatz in Leipzig, auf dem in unmittelbarer Nachbarschaft zum Gewandhaus eine Tiefgarage entsteht. Unter den hier beschäftigten Bauarbeitern sind auch polnische Vertragsarbeiter. Die wirtschaftlichen Prognosen für das deutsche Baugewerbe sind nicht optimistisch. Beim gesamtdeutschen Bauvolumen wird in diesem Jahr ein Rückgang von drei bis vier Prozent hinter dem Vorjahr erwartet. Das betrifft den Wirtschaftsbau, öffentlichen Bau und Wohnungsbau gleichermaßen. Durch die Verdrängungskonkurrenz ausländischer Niedriglohnunternehmen verschärft sich zudem die Lage der deutschen Bauarbeiter. Bei mehr als 300.000 arbeitslosen Bauarbeitnehmern in Deutschland sind jetzt 210.000 Beschäftigte ausländischer Vertragsunternehmen tätig, was Marktanteilen zwischen 16 und 19 Prozent entspricht. Nach dem Scheitern des Mindestlohns besteht dringender Handlungsbedarf seitens der Tarifpartner der Bauindustrie, um Krawalle auf der Baustelle zu verhindern. Foto: Wolfgang Kluge

Полски градежни работниви во Лајпциг

Меѓу населението постоеше стравување од преплавување на германскиот пазар на трудот со граѓани од новите земји-членки на ЕУ и од дампинг на платите: Се стравуваше дека Источноевропејците се подготвени да работат за пониски плати од Германците и дека тоа може да доведе до генерално намалување на платите. Но, тоа не се случи. Напротив, новата слобода на движење на работната сила е предност за Германија. Ова го потврдува како Сојузната агенција за вработување, така и бројни германски експерти.

„Факт е дека доаѓањето на оваа работна сила од новите земји-членки на ЕУ, значително придонесе за олеснување на состојбата на германскиот пазар на трудот“, тврди Оливер Копел од Институтот за германска економија. На пример на пазарот за стручна обука.

„Во источна Германија има околу 50 проценти помалку млади луѓе кои се подготвени да се вклучат во системот за стручна обука, отколку што беше случај пред 20 години. Овој огромен јаз доведе до вишок понуди на места за стручна обука, кои се' уште не се пополнети. „Тоа е така затоа што по крајот на Германската Демократска Рапублика во источна Германија се родени значително помалку деца од порано. „Овие места за стручна обука сега можат многу добро да ги пополнат полски ученици“, објаснува Копел.