1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија против Велс, Македонија против Холандија

Германската репрезентација денеска (01.04.2009) во Кардиф ќе има тешка задача да ги освои планираните 3 бода против Велс во квалификациите за СП во 2010. Македонија пак, се надева на фудбалско изненадување во Амстердам.

default

Германија извојува минимална победа во првиот квалификациски натпревар против Велс

Четири денови по победата над „фудбалското џуџе“ Лихтенштајн со 4:0 , германската репрезентација ќе игра на гости против Велс. Целта гласи: победа и освојување уште три бода. Раководството на тимот, меѓутоа, знае дека нема да биде толку лесно како против Лихтенштајн.

„Знаеме дека Велс е сосема поинаков противник. Секогаш е тешко да се игра таму. Токму во Кардиф и самиот имам доживеано натпревари кои не биле толку успешни, како на пример кога во 2002 година загубивме со 1:0. За Велшаните во групата е тешко и натпреварот против Германија е можност за поправање на впечатокот“ , вели менаџерот на германската репрезентација, Оливер Бирхоф.

Fussball Nationalmanschaft Bundestrainer Löw

Германскиот селектор Јоаким Лев планира три бодови од мечот против Велс

Германците добро подготвени за дуелот во Кардиф

Тимот на тренерот Џон Тошак во саботата загуби на домашен терен од Финска со 2:0, меѓутоа во првиот натпревар против Германците на домашен терен одвај стигна до минимална победа. Сега, избраниците на Јоаким Лев се добро подготвени. Промени во првите единаесетмина што настапија против Лихтештајн речиси и нема да има. Само Бастијан Швајнштајгер има лесна повреда и мораше да го откаже тренингот во понеделникот.

„Да, Бастијан има проблеми со десната ’препона’, но тоа не претставува опасност за неговиот настап против Велс. Со оглед на тоа, не сакавме да го изложуваме на ризик при брзите движења за време на тренингот. Поради тоа мерката на претпазливост гласеше: назад во хотел“, истакна Бирхоф.

WM Fußball Niederlande Fans in Leipzig

Холандските навивачи очекуваат сигурна победа против Македонија

Во групата 4 од квалификациите за Светското првенство во 2010, денеска се игра уште и натпреварот Лихтенштајн-Русија.

Во групата 9, пак, македонската репрезентација игра во Амстердам против фудбалската супер-сила Холандија. Избраниците на селекторот Среќко Катанец ќе се обидат да го изненадат фаворитот за да ги заживеат надежите за пласман на СП. Во оваа група денеска се игра уште и натпреварот Шкотска- Исланд.


Денеска се играат и следниве натпревари:


Група 1:

Унгарија - Малта

Данска - Албанија


Група 2:

Летонија - Луксембург

Грција - Израел

Швајцарија - Молдавија


Група 3:


Чешка - Словачка

Полска - Сан Марино

Северна Ирска - Словенија


Група 5:

Естонија - Ерменија

Турција - Шпанија

Босна и Херцеговина - Белгија


Група 6:

Казахстан - Белорусија

Андора - Хрватска

Англија - Украина


Група 7:

Австрија - Романија

Франција - Литванија


Група 8:


Бугарија - Кипар

Грузија - Црна Гора

Италија - Република Ирска

Автор: Андреас Цимонс / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска