1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија протера сириски дипломати

Четворица сириски дипломати мораат да го напуштат Берлин. Со тоа германската влада сака јасно да покаже - не ја толерираме уште долго војната на Ал-Асад против сопствениот народ.

Германија протера четворица соработници на сириската амбасада во Берлин. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека тоа е јасен сигнал „дека ги редуцираме односите со режимот на Асад на апсолутен минимум“. Тој се надева во зацврстување на Националната коалиција на опозиционите групи во Сирија и што поскоро формирање „преодни организации способни да функционираат“. Сириските дипломати имаат рок до четврток да ја напуштат Германија.

Guido Westerwelle Statement Pressekonferenz PK Syrien Türkei Berlin Deutschland

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

Бунтовниците освоија воена база

Во меѓувреме исламистичка бригада освои командна централа на владините трупи во провинцијата Алепо. Активистите објавија видео снимки кои прикажуваат како борците на Ал-Носра-Фронтот и други исламистички групи ја преземаат во свои раце базата Шек-Сулејман во северозападниот дел на економската метропола Алепо. Веста ја соопшти сириската опозициона Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. На други снимки се гледа како бунтовниците возат со тенк кој го презеле од владините трупи. Репортер на новинската агенција АФП јави дека џихадистите го развиле своето црно знаме во внатрешноста на базата. Најголем дел од борците биле странци. Во судирите биле убиени еде војник и двајца бунтовници, а петмина војници наводно се заробени од напаѓачите, додека 140 успеале да избегаат.

Освојувањето на базата покажува дека сириските трупи очигледно трпат се‘ поголеми загуби. Во борбите во провинцијата Идлиб биле убиени шестмина војници на владините трупи. Борби се водат и околу градот Дамаск.