1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија пронајде „вишок“ 55 милијарди евра

Германија е побогата за 55 милијарди евра, откако беше откриена сметководствена грешка во банката Хипо Риал Естејт, која беше национализирана пред две години.

default

Германските власти очекуваат да се намали надворешниот долг на земјата за 2,6 проценти за тековната година, односно истиот да падне на 81,1 отсто од БПД. Грешката во пресметките во Хипо Риал Естејт (ХРЕ) била откриена на почетокот на месецов, но властите одлучиле вчера да ја објават веста.

Банката ќе има удел од 161 милијарди евра во германскиот долг годинава, наспроти 216 милијарди колку што изнесуваше ланскиот.

Хипо Риал Естејт се најде пред банкрот по големата финансиска криза која ги зафати САД, и особено гигантот Лиман Брадерс во 2008 година. Германската влада најпрво и позајми 10 милијарди евра на банката, а издаде и гаранции во вредност од 145 милијарди евра, пред да ја национализира. Изминатото лето, Европската Комисија одобри помош од 175 милијарди евра за ХРЕ, која беше условена со реформи и намалување на нејзините активности.

Автор: БГ/ ббц/ шпигeл

Редактор: Александра Трајковска