1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија призна грешки пред Советот за човекови права на ОН

Серијата грешки при истрагата за неонаци-терористите, полициско насилство и третманот на мигрантите: Германија одговараше пред Советот за човекови права на ОН. Прашања поставуваа и Северна Кореја и Русија.

Пратеникот за човекови права на германската влада Маркус Ленинг беше подготвен на многу прашања. Голем број претставници на држави, меѓу нив и на Русија, Белорусија, Кина, Куба, Турција, Иран, Пакистан или од Северна Кореја уште претходно најавија дека ќе ги преиспитаат Германците пред Советот за човекови права на Обединетите нации. Многумина од нив токму од Германија редовоно се критикувани поради некои повреди на човековите права - и сега ја користат шансата за да постават прашања во обратна насока.

Markus Löning Beauftragter der Bundesregierung für Menschenrechtspolitik und Humanitäre Hilfe

Маркус Ленинг

Ленинг на почеток призна дека биле направени грешки при истрагата на серијата убиства на десноекстремистичката групација Националсоцијалистичко подземје (НСУ). „Органите надлежни за кривично гонење направија пропуст при детектирањето на мотивите и затоа не ги фатија убијците“, рече Ленинг денеска во ОН во Женева. Германската влада, парламентот и правосудните органи многу сериозно ја сфаќаат обработката на серијата убиства на НСУ, увери Ленинг на редовното сослушување пред ОН за состојбата со човековите права во Германија. Правната држава функционира, во Германија владее демократија и слобода на мислењето.

Германската делегација доби редица критички прашања  - меѓу нив и за случаите за непријателство кон странците, за третманот на барателите на азил и напади на полицијата, недостиг на рамноправност на жените во професионалниот живот како и дискриминација на лицата со хендикеп. Претставникот на Русија ја обвини Германија за „расизам“. Малцинствата честопати биле дискриминирани. Загрижувале и нападите од полицијата и силите за безбедност. Тема во Женева исто така е и испораката на оклопни возила од Германија на авторитарниот режим во Катар. 

Ленинг појасни, Германија ја поздравува можноста за „отворен и критички дијалог“ со меѓународната заедница. Германија е земја „со силни институции за заштита, поттикнување и реализација на човековите права“.

Како и сите 193 земји членки на ОН и Германија редовно секои четири години подлежи на проверка т.н. Universal Periodic Review  за состојбата со човековите права. По првото такво сослушување во 2009 година Германија прифати 34 од 44 препораки на Комисијата на ОН.