1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија: Посилна поддршка за француската интервенција во Мали

Владата во Берлин има намера да пружи поголема помош на ангажманот на француските трупи во завојуваната африканска земја.

Сојузната германска влада сака дополнително да му помогне на НАТО - партнерот Франција во операцијата на нејзините сили против исламските бунтовници во Мали со тоа што би ги снабдувала француските борбени авиони со гориво во воздух, изјави германскиот министер за одбрана Томас де Мезие за дневниот весник „Зидојче цајтунг“.

Според министерот во моментов се одвива интензивна проверка на системите за полнење гориво во воздух и Германија и Франција постојано се во контакт во врска со ова прашање. Томас де Мезие смета дека во февруари ќе може да се стартува со ваквата помош за француската операција во африканската земја. За ваквиот ангажман меѓутоа е потребно и одобрение од германскиот парламент- Бундестагот, истакна Де Мезие за „Зидојче цајтунг“.

Досега германската армија- Бундесверот со два транспортни воени авиони дава логистичка помош за трупите на западноафриканската заедница на држави ЕКОВАС и со тоа индиректно и за француската воена интервенција во Мали.