1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија помага кризни земји додека на делови од неа им треба помош

Ставот на германските граѓани во однос на Европскиот механизам за стабилност и натаму е поделен. Дел од населението и натаму е незадоволно што мора да плаќа за кризните земји, додека регионот во кој живее е во криза.

Густав Херцог беше повторно во кампања. Четири недели пратеникот од СПД во Бундестагот патуваше низ неговата изборна единица во Кајзерслаутен. Причина - помошта што Германија ја дава за кризните земји на југот од Европа.

Тој беше и на плоштадот во Кузел, мало градче на југоистокот од Рајнланд Фалц. Така ги негува контактите со гласачите. Многу жители доаѓаат да поразговараат и тоа секогаш за висока политика. Пред се’ тие сакаат да зборуваат за милијардите евра помош за европските земји. Регионот Кајзерслаутерн е толку многу задолжен како ниту еден друг во Германија. Затоа тука и не е лесно да се пропагира за европска солидарност.

„Регионот е во пресврт и му се потребни со сигурност уште многу години помош. Тоа е предмет на разговор. Луѓето велат: ’дали во иднина и ние ќе добиеме помош за регионот соодветно да го подигнеме“, објаснува Густав Херцог, пратеник во Бундестагот од редовите на СПД.

Херцог сака колку што е можно повеќе да ги убеди луѓето дека има смисол да се помагаат европските соседи, дури и кога не е сигурен дали пакетите за спас од милијарди евра всушност имаат ефект.

На 29-ти јуни годинава Херцог во Бундестагот гласаше за новиот чадор за спас на еврото наречен ЕМС, како и за Фискалниот пакт. За двата договори беше потребно двотретинско мнозинство, како и многу гласови од опозицијата. Се работи за суми во милијарди евра, кои им предизвикуваат вознемиреност на пратениците.

Merkel Bundestag nach ESM Entscheidung

За зголемувањето на учестовото во Европскиот механизам за стабилност мора да одлучи Бундестагот

Германија мора во ЕМС да придонесе со 190 милијарди евра - со добри 20 милијарди директно, а со останатите како гаранција. Европа посегнува длабоко во џебот за да ги помогне Грција, Шпанија и другите кризни земји.

И Густав Херцог не се чувствува пријатно. Но, тој навлезе во материјата и е убеден дека нема алтернатива на чадорот за спас од милијарди евра.

„Значи, јас тоа внимателно го разгледав и создадов мислење дека дека ова со сигурност не е најлесниот и најдобриот пат, но тој во моментов е единствениот по кој може да се оди“, вели Херцог.

Сите не мислат така. Многуте пари потребни за Фондот за спас се аргумент со кој левичарската партија агитира против Фондот и во Градското собрание на Кајзерслаутен.

„Овде треба да се спасат банките, кои се предизвикувачи на кризата и ова спасување се чини дека е на сметка на граѓаните, на сметка на даночните обврзници, на сметка на државната благосостојба во Германија и на сметка на демократијата“, вели Штефан Гландер од Партија на левицата.

Левицата ги донесе Европскиот механизам за стабилност и Фискалниот пакт пред Уставниот суд. Зад граѓанската иницијатива, меѓу тужителите, застана и конзервативниот пратеник Петер Гаувајлер. Така во земјата се создаде неверојатен сојуз на левичари и десничари против чадорот за спас.

„Преку овој договор шпанските, грчките, италијанските и долговите на другите стануваат германски долгови“, изјави Петер Гаувајлер, пратеник во Бундестагот од ЦСУ.

Euroscheine Seriennummern

Дел од граѓаните бараат да се одлучи до каде ќе се оди со помошта

Ваквите резерви ги знае и Густав Херцог. Тој вели дека политиката недоволно им објаснува на граѓаните зошто толку многу пари мораат да протекуваат кон југ. Всушност, граѓаните се скептични.

„Не можам да си замислам дека многу луѓе, а веројатно исто така и релативно малку експерти, можат продлабочено да ја видат целата поврзаност“, вели еден Германец.

„Треба да се помогне. Тоа не прави такви какви што сме - да помогнеме и да застанеме зад другите. Но, треба да се провери степенот колку далеку да се оди. Јас сметам дека толку многу милијарди веќе се одлеани од водечките земји, но и од Германија. Веќе со нешто треба да се запре“, смета друг Германец.

Ваквите размислувања се врзуваат и за Уставот. 37.000 граѓани побараа од Уставниот суд да не ја дозволи помошта во милијарди евра. Судот пресуди дека договорот не е противуставен и дека за зголемувањето на горната граница за учество во фондот мора да одлучи Бундестагот. Мнозинството од пратениците во Бундестагот веќе гласаа за пактот за спас. Густав Херцог е убеден дека на Германија ќе и’ оди добро кога и на останатите европски земји ќе им оди добро.