1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија подготвува план „Б“?

Поради заострената финансиска криза, германската влада размислува за воведување заштитни мерки за целокупниот германски финансиски сектор. Министерот за финансии Пер Штајнбрик го предлага тоа наместо поединечни решенија.

default

Како да се спасат финансиските институции

Политичарите во главниот град ги коментираат досега договорените мерки.

Опозицијата ја споделува оцената на министерот Штајнбрик дека ситуацијата на германскиот финансиски пазар е многу опасна, но ги критикува постапките на владата.

Шефот на либералите, Гидо Вестервеле, оцени дека сојузната влада не ја контролира ситуацијата. Таа се сопнува од камен до камен, нема концепт, нема план и пред се’ таа не е жртва на настаните, туку е сторител, оти не си ги изврши задачите од државниот надзор и надзорот над банките. Вестервеле аргументира: дополнителните дубиози кај „Хипо риал естејт“ не ги откри Сојузната установа за надзор врз финансиските услуги, туку контролорите на Дојче Банк, што, според него, е напросто неприфатливо.

„Лекар кој констатира дека е пациентот болен дури кога е тој во кома, не е добар лекар. Државен надзор, кој реагира дури откако проблемите земаа замав, потфрли, и одговорноста за тоа ја носи Сојузната влада“ - рече Вестервеле.

Landtagswahlen in Hessen

Гидо Вестервеле

Опозицијата сака да биде консултирана

Опозицијата се чувствува заобиколена и во врска со гаранциите дадени од владата за приватните штедни влогови и тековни сметки. Вестервеле забележа дека канцеларот Ангела Меркел морала за тоа итно да ги информира раководствата на парламентарните фракции, а претседателот на фракцијата на Левичарската партија, Грегор Гизи, критикува дека Меркел дава гаранции, кои без решение на Бундестагот воопшто не може да ги реализира.

Меркел, пак, вчера воопшто не беше во Берлин, туку на еден партиски собир на ЦДУ во Визбаден. Таму таа се искажа за посилна регулација на финансиските пазари:

Таа смета дека во едно модерно глобално стопанство се потребни финансиски пазари. Но, не и незауздани финаниски пазари, во кои единствено важат профитот и алчноста, туку пазари со правила кои се вклопуваат во социјалното пазарно стопанство. За тие правила мора меѓународно да се преговара; Германија нема да постапува на своја рака, рече Меркел.

Мерките беа неопходни

Нејзиниот став дека навестените државни гаранции за штедните влогови биле неопходни за јакнење на довербата, го споделуваат обете партии на големата коалиција. Социјалдемократската партија решително ги подржува постапките на владата, рече генералниот секретар Хубертус Хајл:

Тој мисли дека нема никаква причина да се разубавува економската ситуација. Може да се смета на тоа дека оваа криза ќе се одрази и врз економската ситуација на земјата. Но, истовремено мора да биде сторено се’, за да се спречи паника на германските пазари и кај германските штедачи. Поради тоа, Социјалдемократите го поздравуваат овој сигнал на Сојузната влада.






DW.COM