1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија: Побрзо протерување на барателите на азил од Западен Балкан

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих изјави дека странците чии барања за азил во Германија се безизгледни треба да бидат протерувани од земјата побрзо отколку досега.

Укажувајќи на заклучоците во коалициониот договор меѓу партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД, министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих за весникот „Велт“ денеска (07.12) околу постапките за проверка на барањата за азил изјави: „Има мало олеснување и мало забрзување.“ Тоа значи дека намерата е во иднина побрзо да се решаваат случаите на баратели на азил од земји во кои нема загрозеност. Меѓутоа, како што нагласува Фридрих, тоа сепак не значи дека Германија е „ослободена од обврската да направи проверка во одделни случаи“.

Во коалициониот договор Унијата и СПД заклучија дека бегалците од Западен Балкан во иднина немаат право на азил во Германија. Во текстот се вели дека Босна и Херцеговина, Македонија и Србија треба да се категоризираат како „безбедни земји“. Целта е „безизгледните барања за азил од граѓани на овие држави да бидат обработувани побрзо“, што значи треба „да се скрати нивниот престој во Германија“. Во 2012 година Министерството за внатрешни работи на Германија не утврди постоење основа да му биде доделен азил на ниту еден барател на азил од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.