1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија останува на ставот: нема војници во Ирак

Непосредно по почетокот на самитот стана познато дека американскиот про-конзул Пол Бремер му ја предал власта на новиот ирачки премиер Алави, два дена порано од планираното.

НАТО-самит: Групна фотографија во Истанбул

НАТО-самит: Групна фотографија во Истанбул

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Сибари во Истанбул го образложи ненадејниот чекор со сигнал до сите недомократски сили дека земјата е подготвена и додаде:

“Им се обраќаме на сите членки на НАТО. Ги молиме Ирак да го сфатат сериозно. Тоа не е локален проблем. Тој има влијание врз регионот и дури на меѓународно ниво“.

Шефовите на држави или влади инаку, позитивно одговорија на барањето на владата во Багдад за обука на безбедносните сили на Ирак. Спорно е само дали таа да биде во или надвор од земјата. Германскиот канцелар Герхард Шредер на една дебата пред почетокот на самитот на адреса на САД и Велика Британија изјави: не е доволно да се добие вона, во Ирак мора да се извојува мир. Германската позиција не е изменета:

“Германија постојано велеше дека е воздржана. Не видовме какво зголемување на безбедноста ќе се случи ако НАТО интервенира во Ирак. Компромисот што е на повидок дека НАТО е подготвено да ги стави на располагање капацитетите за обука Германија нема да го спречи, но ние нема да испратиме ниту еден војник во Ирак“.

Всушност САД очекуваа дека НАТО ќе испрати свои трупи во Ирак, но го запре притисокот кога стана јасно дека Германија и Франција нема да учествуваат.

Генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер во својот говор не се осврна директно на темата Ирак. Тој изјави дека НАТО во моментов минува низ голем процес на трансформација за во иднина да биде во можност да обезбеди мисии во целиот свет. Целите на самитот во Истанбул Шефер ги резимира:

“Ќе ги засилиме виталните трансатлантски врски. Ќе го градиме нашите партнерство со земјите од Европа и Централна Азија. Ќе градиме нови мостови кон земјите од Средоземјето до Среден исток“, изјави генералниот секретар на НАТО.