1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија останува локомотива на економскиот раст во Европа

Раст од 0,9 проценти ќе оствари германската економија годинава, прогнозираат водечките експерти во земјата. Тоа е минимален раст но огромен во споредба се сигналите за рецесија во другите земји од ЕУ.

Конјуктурата во Германија, според проценка на водечките институти за економски истражувања во земјата, годинава ќе порасне за 0,9 проценти.

Во  нивната есенска прогноза тие предвидоа економски раст во земјата во 2012. година од 0,8 проценти.

Во 2013 година брутодомашниот производ треба да се зголеми за 2 проценти, прогнозираат економистите во својата пролетна прогноза.

„Изгледите за германската економија и покрај тешките услови во еврозоната повторно се подобриле“, гласи пораката на водечките економски експерти во земјата.

Германија со тоа ја подвлекува нејзината улога на стожер на стабилитетот и   економска локомотива во еврозоната. Особено радува развојот на пазарот на труд. Структурната стапка на невработеност, според пролетната прогноза на економските институти натамошно ќе паѓа: од 7 проценти во 2011. година на 6,6 насто во оваа година и 6,2 проценти во наредната 2013. година. 

Германското стопанство стои на цврсто тло и расте. Додека високата вработеност ја стимулира потрошувачката, натамошно ќе расте и извозот на земјата и тоа за 3,1 процент во 2012. и 5,1 процент во 2013. година.

Севкупно прогнозата за Германија во споредба со есенските предвидувања се подобрила за една оценка. Водечките економски институти меѓутоа предупредуваат на преостанатите ризици. Според нив претпазливост е нужна околу инфлацијата која во споредба со есенската прогноза се проценува дека ќе биде повисока.

Економските експерти покрај тоа ја критикуваат владата во Берлин дека наместо да штеди, дебатира за издатоци како пари за чување деца во семејствата или дополнување на пензиите на лицата кои имаат мали плати. Експертите предупредуваат  дека европските држави не смеат да ги намалат своите напори во борбата  против финансиската и должничката криза.