1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија останува извозна земја

Ориентацијата кон извоз и кон пазарна конкуренција во светски рамки и натаму останува успешен рецепт на германската економија. До овој заклучок дојде нова студија на Институтот за германско стопанство во Келн.

default

Германија е посилно погодена од економската криза во споредба со повеќето земји од Европа поради нејзината силна извозна ориентација. Но, овој модел не треба да биде доведен под прашалник. Речиси половината од сите германски производи одат за извоз. Така ќе биде и во иднина, гласи резултатот на студијата на Институтот за германско стопанство во Келн.

На Германија нема да и‘ треба голем пресврт, зашто земјата е добро подготвена за периодот на опоравувањето на светот од економската криза. Речиси секаде во светот постои и натаму потреба од инвестиции, објаснува директорот на Институтот од Келн, Михаел Хитер: „Во скоро сите региони во светот штедењето ги надминува инвестициите. Тоа е најизразено на Средниот Исток, во Заедницата на независните држави и во Азија.“

Германија е добро подготвена

AKW, Atomkraftwerk, Kernenergie

Во следните децении бројот на населението во светот и натаму ќе расте, особено во земјите во засилен индустриски развој и во градовите. До 2050 година ќе има трипати повеќе стари луѓе. Хитер смета дека Германија е добро подготвена за овие мегатрендови. „Сите овие се предизвици за економската инфраструктура, за инвестициите во образованието, за био и медицинската техника, за опремата во здравството.“ Сето тоа во целост одговара на палетата на производи кои ги нуди германското стопанство и која се покажа успешна во последните години.

Германската економија е подобро подготвена од другите земји и во врска со се‘ поскудните ресурси и промената на климата со „ноу хау“ во областа на обновливите енергии, атомските централи, вели Михаел Хитер. Ниту еден друг аргумент против извозната аргументација според него не држи место: „Силниот пораст на извозот е настанан поради тоа што платите умерено растат во индустриските земји. Тоа од една страна ја засили конкурентноста во цените, но истовремено ја ослабе потрошувачката.“

Deutschland Wirtschaft Hochofen von ThyssenKrupp Stahl

Тоа не е точно, напротив. Платите во браншите ориентирани кон извоз последните години релативно брзо растеа. Вкупниот процент на зголемувањето на платите во Греманија беше релативно скромен, но затоа беа отворени многу нови работни места и беше засилена куповната моќ на граѓаните. Михаел Хитер предупредува дека за Германија би била опасна дефлација каква што ја потресе Јапонија во текот на 90-те години. Таму цените постојано паѓаа и тоа на крајот ја парализираше економијата. Такво сценарио би било можно ако претпријатијата во фазата на опоравувањето не би добиле кредити од банките. Негативни последици би имала и засилената тенденција на националните пазари кон затворање во себе и изолирање заради заштита од конкуренцијата од странство. Во двата случаи политиката мора навремено да интервенира.

Автор: Ања Добродински / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска