Германија – обединување | Вести | DW | 03.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – обединување

*

Во германскиот град Шверин во тек е прославата по повод 17 годишнината од германското повторно обединување. Церемонијата започна со екуменска богослужба во катедралата во главниот град на сојузната покраина Мекленбург Предна Померанија. На свеченоста се присутни сојузната канцеларка Ангела Меркел, претседателот Хорст Келер и претседателот на парламентот, Норберт Ламерт. Присутни се и повеќе од 100 членови на дипломатскиот кор во Германија. Заменик претседателот на парламентот Волфганг Тирзе во интервју за Дојче Веле во врска со напредокот во процесот на повторно обединување на земјата на сите полиња оцени: „Верувам дека политичкото единство, на ниво на политичкиот систем, е спроведено. Но, ние и понатаму живееме во земја со разлики меѓу источниот и западниот дел. На истокот има повисока стапка на невработеност, пониски плати и помали пензии. Овие разлики се видливи и затоа мора да вложуваме натамошни напори„ - порача Тирзе во интервју за Дојче веле.