1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија нуди работа за странските лекари

Во многу германски болници недостасуваат лекари и медицински персонал. Стручната работна сила од странство е многу добредојдена. Но, не може секој странски лекар веднаш да се вработи

Поради недостатокот на лекари и медицински персонал во болниците, Германија се‘ повеќе „увезува“ стручен персонал. Но, често тие имигранти не говорат германски јазик, па пред да почнат да работат мораат да посетуваат курс.

„Во поглед на стручноста, лекарите и медицинските сестри од источна и југоисточна Европа се добри, но одлучувачки е колку добро го владеат јазикот. Тоа е алфа и омега“, вели Силвио фон Ентрес, раководител на Медјунајтед академијата во градот Марл. Медјунајтед академијата е една од бројните фирми во Германија кои се специјализираа за посредување за стручниот персонал за болниците. Освен во земјите од југоисточна Европа како Романија, Грција, Хрватска, Србија, персоналот најчесто го пронаоѓаат и во Полска и Русија. Откако почна економската криза во ЕУ многу заинтересирани има и од Шпанија.

Признавање на квалификациите

Благодарение на законот кој стапи во сила на 1. април 2012 година, со кој се признаваат квалификациите стекнати во странство, доделувањето на дозволите за работа во Германија повеќе не е строго поврзано само со поседување на одредено државјанство. Но, за разлика од лекарите од ЕУ, кои мораат само да докажат дека доволно го познаваат германскиот јазик, лекарите кои доаѓаат надвор од ЕУ за да добијат работна дозвола мора да положат испит за

Ärztemangel in Deutschland

Курс по германски јазик за странските лекари

еквивалентно медицинско знаење. Притоа, посебно се проверува дали постојат и позначајни разлики меѓу знаењето стекнато во Германија и квалификациите кои лекарот ги добил во својата земја, односно дали му се признава дипломата во Германија.

Но, тоа не е се.

„Лекарите кои доаѓаат надвор од Шенген зоната мораат прво да побараат виза со работна дозвола. Тоа значи дека прво мораат да најдат работно место, а дури потоа ќе биде покрената постапката за признавање на квалификациите“, вели Ентрес. Пред да пристапат кон испитот за еквивалентно медицинско знаење, странските лекари редовно минуваат и низ ткн. процедура на прилагодување и утврдување.

„Со текот на времето можат и да заработуваат, но секогаш ограничено и под надзор на одговорен лекар“, вели Ентрес. По 6 до 12 месеци, мнозинството странски лекари се чувствуваат подготвени да го полагаат испитот.

Учење на јазикот

Германскиот јазик, пак, не мора да се учи во Германија. Курсеви се нудат и во матичните земји, а потоа можат да се земат дополнителни во Германија, каде се учат вокабуларот и комуникацијата потребни во секојдневниот болнички живот. Се вежбаат разговори со пациенти, пишување дијагнози и наоди и отпусни листи.

Во текот на подготвителните курсеви лекарите добиваат можност да стажираат во болниците. „Тоа е многу популарно меѓу клиниките. Обете страни имаат полза од тоа: болницата може да го запознае стажистот, а и тој може без дополнителен притисок да ги покаже своите способности“, вели Силвио фон Ентрес.

Овој модел функционира. Мнозинството лекари, по јазичните курсеви, наоѓаат работа во Германија.