1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – нов концепт за Авганистан

*

Германската влада денеска донесе нов концепт за ангажманот во Авганистан. Во документот се предвидува засилен ангажман на Германија во цивилната обнова на земјата, за што е предвидено зголемување на средствата за 25 милиони евра, на вкупно 125. Освен тоа се истакнува и долгорочноста на воениот ангажман, се‘ додека авганистанските сили за безбедност не бидат во состојба потполно да ја преземат одговорноста. Според министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг потребна е комбинација од воени и цивилни мерки.