1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија не успеа

Репрезентацијата на Германија, не успеа да се пласира во завршницата на ЕП во Португалија, откако синоќа, претрпе пораз во мечот со Чешка. Со сигурниот настап против Летонија, Холандија обезбеди место во четвртфиналето

Германските репрезентативци, разочарани

Германските репрезентативци, разочарани

Репрезентацијата на Чешка, со преполовен прв тим ја победи Германија со 2:1и ја испрати дома. Германија, како што најави селекторот Руди Фелер, одигра офанзивно, но недоволно ефикасно за место во четвртфиналето. Со прекрасниот гол во 21 минута Михаел Балак и донесе водство на Германија, Чесите возвратија со голот на Марек Хајнц во 30 минута, за на 13 минути пред крајот на мечот, Милан Барош да им ги закопа надежите на Германците за натамошен пласман.

Селекторот на Германија, Руди Фелер, по натпреварот изјави дека би сакал да остане на оваа функција и натаму, свесен за шпекулациите за негов отказ по неуспехот, за кој вели дека е дел од работата. Јас сум реален, морате таков да бидете ако отпаднете уште во првиот круг, имам договор до 2006 година и претпоставувам дека ќе продолжам, но нема да инсистирам, изјави Фелер.

Неефикасноста и многуте неискористени шанси, според Михаел Балак, се причина за неуспехот


“Тоа што не дадовме голови, мислам дека е главниот проблем, се виде игравме ангажирано и имавме шанси за повеќе голови, но не постигнавме, чесите играа со втор тим, бевме ангажирани дадовме се од себе но тоа не беше доволно“

Германија, според Балак, имала и полоши настапи последниве години отколку на ова ЕП

“ Мора да работиме натаму и да составиме добар тим за СП во 2006 година, но на оваа репрезентација не треба да и се префрла“

Разочаран е и претседателот на германскиот фудбалски сојуз, Герхард Маер Форфелдер, според кого мора да се седне и анализира овој турнир

Селекторот на Холандската репрезентација е задоволен од сигурниот настап на неговиот тим против Летонија. Со двата гола на Руд Ван Нистелрој и еден на Рој Макај, лалињата, обезбедија пласман во четвртфиналето, каде на мегдан ги очекува Шведска.

Возбудувањата на ЕП, продолжуваат вечерва, со првиот четвртфинален натпревар, помеѓу домаќинот Португалија и репрезентацијата на Англија.