1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

NRS-Import

Германија на испит во Женева

Комисијата за контрола на состојбата со човековите права при ОН во Женева ќе разгледува дали во Германија човековите права се почитуваат. Претставниците отпатуваа со чиста совест, но подготвени се на „непријатни прашања“

default

Што ќе каже Советот за човекови права на ОН?

Контролата на состојбата со човековите права е најновата карактеристика на политиката за човекови права на ОН. Скоро сите земји од светот се повикани во Женева. Демократија или, пак, тоталитарна држава - пред комисијата за контрола на состојбата со човековите права сите треба да кажат каква е состојбата во нивната земја и да одговорат на неколку прашања. А сега и` дојде ред и на Германија. Претставниците на германската влада отпатуваа со измешани чувства - како демократска држава, која со устав ги гарантира човековите права, Германија не би требало да се плаши дека ќе биде обвинета за нивно прекршување. На тричасовното испитување влегуваме со чиста совест, вели Конрад Шарингер, германски претставник во ОН во Женева: „Во последниве години Германија има добар биланс, кога се човековите права во прашање. Од тие причини сме релативно самоуверени и се надеваме дека ова ќе биде добра средба“, вели Шарингер.

Прашањето за миграцијата со право отворено

Migration Zuwanderungspolitik

Се смета дека скоро секој петти во Германија e мигрант

Германската делегација добро се подготви и на советот за човекови права ќе му понуди опширна анализа и извештај за сето она што е сработено во областа на заштита на човековите права.

Најголемиот дел од членките на советот за човекови права се земји во развој, а овие земји имаат своја сопствена перспектива на Германија и останатите индустриски земји, објаснува Волфганг Хајнц, член на експертската комисија на советот за човекови права: „Мислам дека многу земји од Југот ќе сакаат да знаат како се однесуваме со граѓаните кои доаѓаат од нивните земји. Како се однесуваме со бегалците, или со оние што бараат азил, констатира Хајнц, кој вели дека и прашањето за миграцијата ќе биде сосема со право отворено.

Ваквата контрола не е беспотребнa

UN Menschenrechtsrat in Genf

Вака изгледа Советот пред кој ќе застанат германските претставници

Ова е првпат Германија да биде предмет на вакво испрашување во рамките на ОН. Можеби ќе треба малку време да се навикнеме на ова, вели Волфганг Хајнц, но во секој случај, ваквата практика не е беспотребна: „Дискусијата за човековите права не треба да ја почнуваме со тврдења дека ситуацијата кај нас е подобра отколку во многу други земји, туку треба едноставно да кажеме, да, и во Германија има повреди на човековите права, кои треба сериозно да се разгледаат“, посочува Хајнц.

Германската влада подготвена да ги прифати забелешките

Откако ќе заврши испрашувањето на земјите, Советот за човекови права ќе изготви извештај за секоја земја посебно, во кој ќе стои што треба да се направи на полето на човековите права. Иако овие препораки не се обврзувачки за земјите, владата на Германија е подготвена темелно да ги разгледа и да ги прифати.

А по четири години, кога Германија повторно ќе ја викнат во Женева, Советот за безбедност ќе утврди дали владата се придржувала на своите ветувања.