1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија на економски план - преглед на случувањата во 2004-та

“2004-та? Уште една кризна година од агол на гледање на граѓаните и на многумина претприемачи. Германците на економски план всушност би можеле да бидат сосем задоволни со годинава што изминува: по тригодишен период на стагнација, ќе биде забележан стопанскиот пораст од веројатно околу 1,8 насто. Но, Германците секогаш ќе најдат “влакно во јајце”: претставниците на стопанството кукаат поради високиот курс на

Од фабриките на Фолксваген

Од фабриките на Фолксваген

еврото, скапата нафта и извонредно покачените цени на суровините. Тие од вработените бараат откажување од зголемување на платите и подолго работно време за возврат за ветувањето дека во наредните месеци нема да укинуваат работни места – и остваруваат делумно и супер-добивки. Се разбира, има и тешки ситуации, банкроти, процеси и скандали. Ролф Венкел фрла поглед врз основните карактеристики и најзначајните настани во германската економија во 2004-та година.

Очекувањата за лесен стопански подем беа објавени уште во почетокот на годината:

“Порастот на германското производство годинава ќе има конјунктурен придонес од 0,8 насто. Од нас прогнозираниот севкупен ефект од 1,4 проценти ќе се оствари само со засметувањето на поголемиот број работни денови годинава” – рече Клаус Цимерман, претседател на Германскиот институт за економски истражувања од Берлин.

Поттикнувач, секако, е светската конјунктура, пред се‘ подемот во САД, а на домашната економија. Европросторот севкупно клинка зад САД, а пак Германија во него е на последните места. Причините ги наведе Густав Хорн, експерт од берлинскиот Институт:

“Ахилова петица на конјунктурата во Германија останува приватната потрошувачка. И покрај даночната реформа, премногу е слаб развојот на приходите кај приватните домаќинства, за да можеме тука да очекуваме битни импулси”.

Ова, што го вели Хорн, како црвена нишка ќе се провлекува низ целата година. По тригодишната стагнација, всушност се поставени основите за подем - само потрошувачите не се вклучија, тие и натаму се недоверливи:

“Германија ја мина долината на солзите. Германија е во движење, и тоа угоре – за мене тоа е најважната вест” – рече сојузниот министер за стопанство Волфганг Клемент при претставувањето на годишниот извештај за состојбата во стопанството. Германија, рече тој, во 2004-та година ќе создаде пораст од 1 ипол до два процента и со тоа веќе нема да го носи црвениот фенер во Европа, и тоа иако на плеќите има различни посебни товари, како трошоците за обновата на Истокот и големиот нето-придонес во ЕУ.

“Да, станува збор за тоа и психолошки да се постават свртниците за еден долготраен подем, кој од 2004-та, 2005-та ќе ја опфати и зарибаната долгогодишна невработеност. Станува збор за оправдана увереност, наместо наместо бојазливо чекање, негодување и колебање” – реч Клемент.

Меѓу оние, кои наоѓаат “влакно во јајцето”, е и претседателот на Здружението на германската индустрија Михаел Роговски.

“Подемот на светската конјунктура предизвика енормен пораст на потрошувачката на суровини и на нивната цена. Покрај тоа, како поттикнувач на порастот на цените се покажа и политичката несигурност во најважните земји-производители на нафта. Од друга страна, експанзивната буџетска политика на САД помага, но високиот државен дефицит на Американците несомнено крие во себе и ризици. Се‘ на се‘, изгледите за светското стопанство, барем за оваа година, се многу добри. Порастот на продукцијата за 2004-та година се проценува на преку 4 проценти. Со други зборови, светската економија оди со полн гас, германската само ползи” – оцени Роговски.

Зошто е така? Затоа што подемот во Германија не се одвива според класичната мостра. Вообичаено прво проработува моторот на извозот, потоа извозно ориентираните претпријатија инвестираат во нови објекти и постројки, што создава нови работни места и куповна сила кај работниците. Тие повторно стануваат посигурни, помалку штедат и повеќе се впуштаат во потрошувачка. Со тоа пак целата економија остварува подем, не само извозниците, кои годинава ќе остварат рекордни 160 милијарди вишок во однос на увозот.

“Ние имаме навистина силна извозна конјунктура, подобра од очекуваната. На друга страна, ние имаме се‘ уште слаба внатрешна конјунктура и сакато градежништво. Сепак би рекле: трендот во германското стопанство е нагорен” – признава претседателот на Здружението на германското стопанство Михаел Роговски.

Зошто и натаму клинка внатрешната конјунктура?

“Луѓето, посебно потрошувачите во Германија, се длабоко несигурни поради мноштвото реформски мерки, за кои поединецот ни не знае како ќе го погодат и ќе му повлијаат и врз неговите перспективи за иднината. Овде мора да се внесе политика на помирна рака, за повторно да се создаде доверба кај потрошувачите и фактичка подготвеност за трошење” – советува Густав Хорн.

“Причина за слабата потрошувачка е стагнирањето на приходите” – оценува Андреас Блај, научник-економист и експерт за конјунктура во Сојузното здружение на народните банки и штедилници. Германците имаат енормни заштеди од непојмливи 4 илјади милијарди евра, па сепак Блај не верува дека трговијата на мало со понудените попусти ќе профитира од натрупаните пари:

“Во Германија не гледам такво нешто од едноставна причина дека привантите домаќинства се‘ повеќе сфаќаат оти им се потребни дополнителни резерви, на пример за приватно пензиско осигурување. Поради тоа нема да расне настроеноста за трошење и покрај заштедите” – оценува Блај.

И на берзата може да се види дека Германците немаат вистинска доверба во стопанството. Навистина германскиот индеск на акции ДАКС од пред година ипол расте полека, но постојано. Но, наопаку тргнаа многу планирани настапувања на претпријатија на берзите.

“Во меѓувреме многу внимателно се следат случувањата таму. Се внимава на цените, се внимава на претпријатијата. Би можело да се каже дека и за берзата важи мотото ‘Скржавоста е супер” – истакнува Клаус Нидинг од Заштитното здружение на германските акционери.

Германците не станаа потпретпазливи само на берзата, туку се воздржуваат и кај потрошувачката. Трговијата на мало веќе седум години се жали на презаситеност на потрошувачите. Претседателот на здружението од таа бранша Херман Францен кука дека Германците 365 дена во годината би го прославувале 365 денови во годината Светскиот ден на штедењето. Годинава беше последна со зимска и летна распродажба според старите правила. Сега можат во секое време да се нудат попусти, а не како досега само во одредени периоди.

“Отсега може секогаш да се врбуваат купувачите со распродажби. Но, потрошувачите во секој поединечен случај треба да утврдат дали навистина станува збор за тоа. Бидејќи сега имаме константни распродажби, сезонската распродажба го губи влијанието врз потрошувачите и веќе не можеш никого да го намамиш в дуќан. Со тоа поимот распродажба стана безвреден” – вели Хубертус Пеленгар, портпарол на Главното здружение на германската трговија на мало, очигледно од извежбаните за кукање.

Од воздржаноста на потрошувачите посебно е погоден концернот Карштат Квеле. Шефот на Управниот одбор Кристоф Ахенбах сака да ги оддели помалите стоковни куќи и драстично да заштеди кај персоналот: вработените се согласија со чувствителни загуби кај платите и со укинување на 5700 работни места. Ахенбах призна:

“Долготрајното слабо опкружување беше решавачки фактор, но не и единствена причина за нашиот незадоволителен развој кај прометот и деловните резултати. Интерните проблеми и грешки за жал исто така придонесоа за тоа”.

Значи, менаџментот. Инаку, речиси никогаш тој самиот не е виновен за грешките и проблемите; некогаш е тоа еврото, чија вредност пред крајот на годината скокна од 1,26 на преку 1,34 долари и го поскапе германскиот извоз, некогашсе цените на нафтата, кои годинава ја прескокнаа границата од 50 долари за барел, а некогаш е виновна владата:

“Големиот товар на давачките, крутиот корсет на трудовото и тарифното право, и отсуството на динамика на нашиот внатрешен пазар – поврзани и со неспорните грешки на менаџментот – водат кон селење од земјата на јадрото на индустриската компетенција” – и‘ префрла на владата претседателот на Сојузното здружение на трговијата на големо и на мало Антон Бернер. Неспорни грешки на менаџментот – такви имаше многу во оваа година, не само кај Карштет Квеле. Менаџерите на Џенерал Моторс, на пример, си вообразуваат дека повеќе го познаваат европскиот автомобилски пазар од самите Европејци, па ја турнаа својата фирма-ќерка, германскиот Опел, во длабока криза. Менаџерите на Дојче банк, на пример, си вообразуваат дека можат да ги искористат инсајдерските сознанија за да ја купат Постабанк, која им го довери нејзиниот настап на берзата.Дури големата критика од финансискиот свет ги запре плановите на шефот на Дојче банк Јозеф Акерман. Тој, инаку, заедно со шефот на синдикатот на металците Клаус Цвикел и со некогашниот шеф на Манесман Клаус Есер се најде на клупата за обвинети во судот во Диселдорф. Прекорот гласи проневера во врска со исплатата на вкупно 57 милиони евра во текот на преземањето на Манесман од страна на британскиот џин од областа на мобилната телефонија Водафон. Обвинетите беа ослободени, но обвинителството бара ревизија.

Грешки на менаџментот? Не, во Германија не! Во парил магазинот “Шпигел” го предизвика скандалот “Адлон”: претседателот на германската емисиона Бундесбанка Ернст Велтеке заедно со семејствотоја пречекал 2002-ра година во луксузниот берлински хотел “Адлон” на сметка на Дрезднер банк и не бил ни свесен за вината. По големите критики и извештаите дека на сметка на БМВ бил и на трка од формула 1 во Монако, тој поднесе оставка и на функцијата го наследи професорот по економија Аксел Вебер од Келн, инаку вонпартиец.

Како што може да се види, нема недозволено однесување, нема грешки во германскиот менаџмент – виновна е секогаш владата со половичните реформи и работниците, кои заработуваат се‘ повеќе и сакаат се‘ помалку да работат. Некои од германските концерни, по три години стагнација, ја удвоија добивката, како на пример Телекомот илигигантот од челичната област Тисен/Круп. И покрај тоа, на германските работодавци им успеа да ја свртат работата наопаку и да изнудат од работниците откажување од зголемување на платите, зашто тие се плашат од губење на нивните работни места.

Тоа, пак, е во врска и со проширувањето на ЕУ годинава со источноевропски земји со ниски плати. Со тоа настана најголемиот единствен еконосмки простор во светот со 450 милиони жители, 30 милиони повеќе од северноамериканскатазона на слободна трговија НАФТА. Факт е дека германските претпријатија радо ги употребија источноевропските земји со ефтина работна сила како средство за притисок, со закани за преместување на продукцијата во Полска, Унгарија или Чешка. Тоа го стори на пример Сименс кај производството на телефони во покраината Северна Рајна Вестфалија за да изнуди подолго работно време без надомест, како и откажување од годишноодморски и божиќен додаток. Спогодбата со синдикатот предизвика генерална дебата во Германија. Синдикатите повторно се во дефанзива – се‘ едно дали кај Фолксваген, Опел, ДајмлерКрајслер, Карштат-Квеле.

“Имаме потреба од подолго редовно работно време, не само од пофлексибилно. Во металната иднустрија денес редовното работно време изнесува 35 часови неделно. Кога тоа би изнесувало 40 часови, тоа би значело рзалика од 15 проценти кај персоналните трошоци”.

“Би сакал овде сосем јасно кажам дека на германија не и‘ е потребно паушално правило за должината на работното време. Претпријатијата повторно имаат потреба за слободен здив во ритамот на циклусите на побарувачката, или со други зборови, ним им е потребна поголема флексибилност.

“Во прашање е една нова, тарифно-политички посакувана подвижност, која на претпријатијата им овозможува да отстапуваат од тарифниот договор за да ја јакнат својата конкурентност и со тоа да создадат и предуслови за нови инвестиции”.

Претседателот на Здружението на германската индустрија Михаел Роговски, шефот на ДајмлерКрајслер Јирген Шремп или претседателот на Здружението на работодавците Дитер Хунт – сите тие се закануваат со истиот чекан – преместување на производството во странство. Нивната порака е: синдикати, помрднете се. Препуштете им на работничките совети во фирмите на лице место да преговараат за работните времиња и работните услови. Синдикатите, се разбира, знаат дека е полесно да бидат уценети работничките совети во една фирма, отколку синдикатите кои водат тарифни преговори со важност за целата земја. Што би донела блокада?

“Последица би била што многу претпријатија би се решиле за сопствени патишта надвор од тарифните договори за нивната бранша и без врзување за тарифи” – се заканува претседателот на работодавците Дитер Хунт. Примерот од Источна Германија со подолги работни времиња и помали плати се чини дека му дава за право. Новите сојузни покраини станаа меѓународно конкурентни, а во меѓувреме таму е изградена и многу квалитетна инфраструктура, која е надмоќна, барем во однос на соседните земји од истокот. Значи, обновата на германскиот исток во никој случај не доживеа неуспех, оценува Норберт Ирш, експерт од државната инвестициона банка “Кредитна установа за обнова”.

“Ако се има пред очи дека меѓународните испитувања дојдоа до резултат оти на регионите им се потребни една до две генерации за да го надоместат заостанувањето во стопанскиот пораст, и се спореди со она што е остварено во Источна Германија, тогаш може да се каже дека процесот – благодарение на поддршката од Западна германија – сепак се одвива побрзо, отклоку што можеше да се очекува според вообичаените искуства на економистите”.