1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија: на една страна се штеди, на друга се расфрлаат пари на даночните обврзници

Државната каса во Германија нема доволен прилив за да ги задоволи сите потреби, па се бара штедење на сите фронтови и се зголемува товарот на давачките на граѓаните - но ревизијата покажува дека државата истовремено и се расфла со парите. Навестениот стопански пораст во наредниот период во секој случај ќе значи и повеќе пари во празната државна каса. Но, таа се празни и со недомаќинско работење и површни контроли - а во прашање се милијарди. "Такви се износите за кои ние зборуваме, изразени со двоцифрени броеви, но од долното ниво", рече Дитер Енгелс, претседател на Сојузната финансиска контрола. Годишниот извештај на тоа ревизорско тело на 230 страници наведува 82 бисера - примери на еклатантно расфрлање со јавни средства: од градба на прешироки мостови, непотребни или прениски надвозници под кои не може да помине камион, се' до набавка на муниција за оружје што Бундесверот веќе не го користи. Објекти изградени за средби и конгреси биле давани под наем како објекти за летувалишта; приходите нормално воопшто не и' се враќани назад на државата. 96 насто од државните дотации одат потполно неконтролирано, критикува сојузното ревизорско тело. Тоа дури оцени дека од милјето на "црвените фенери" државата годишно може да собере две милијарди евра, па на три страници се нудат подробни предлози за подобрено оданочување на проститутки, макроа, бордели и придружни дејности. Сојузната финансиска контрола бара и итно да бидат наплатени долговите за станарина, кои достигнале износ од 18 милиони евра, а станува збор за службени станови на федерацијата во Берлин.