1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија - најниска инфлација за последни 10 години!

Економски пулсирања: ХРЕ-банка - доброволна државна понуда за откуп. „Фолксваген“ и „БМВ“ гледаат добри шанси во САД. Нова јапонска конјунктурна програма од 116 милиони евра. Избор од стопански вести.

default

Намалената цена на горивата - клучен фактор за ниската инфлација

Инфлацијата во Германија во март годинава изнесуваше 0,5 насто, што е најниско ниво за последните десетина години. За тоа придонесе пред се’ падот на цените на горивата за автомобили и нафтата за греење. Во јануари стапката на инфлација изнесуваше 0,9 насто, а во февруари еден процент.


Германската држава доброволно им понуди на акционерите да ја преземе банката за финансирање на недвижности Хипо риал истејт. Понудата предвидува цена од 1 евро и 39 центи по акција, или вкупно 290 милиони евра. Доколку пропаднат преговорите за доброволно преземање, државата може и да ја национализира банката. Кристофер Флауер, голем акционер од САД со удел од 24 проценти, се закани дека ќе преземе правни мерки против намерата на германската држава. Банката, тешко погодена од финансиската криза, досега доби државна и приватна помош од 102 милијарди евра, за да може да опстане.

Kroatien Land und Leute Ministerautos in Zagreb

БМВ очекува уште во текот на годинава пораст на продажбата на свои возила во САД


Германските производители на автомобили „Фолксваген“ и „БМВ“ гледаат добри шанси за своите продукти на американскиот пазар. Концернот од Волфсбург цврсто опстојува врз плановите за изградба на нова фабрика во Тенеси, во која производството треба да започне во 2011 година. Но, во „Фолксваген“ во прво време таму очекуваат натамошен пад на пласманот на свои возила.

Проценките на „БМВ“, пак, се дека веќе наесен во САД ќе почнат да бележат плус во продажбата на возила.


Јапонската влада ги утврди основните елементи на својата нова конјунктурна програма. Со неа е предвидено да бидат ставени на располагање натамошни 116 милијарди евра. Парите, според предлогот на владеачката партија ЛДП, објавен денеска, треба да бидат наменети за поттикнување на продажбата на економични автомобили, на уреди за домаќинствата, како и на соларна техника. По објавувањето на програмата, на токиската берза скокна вредноста на акциите на производителите на соодветните продукти.

Автор: ЗЈ/дв

Редактор: Жана Ацеска