1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија мора да се разбуди и да ја види нео-нацистичката закана

Германија е рамнодушна и ја игнорира заканата од нео-нацистите, вели писателот и новинар Давид Кросланд. Со неговата прва новела, која е насилен политички трилер кој ве обзема, тој се обидува да ја разбуди земјата.

Објавен во средината на политичката кампања за изборите во Германија, книгата под наслов „Еврејскиот кандидат“, го поставува прашањето дали е Германија подготвена за лидер Евреин. И покрај тоа што во книгата има позитивен одговор на оваа прашање, сепак во неа се опишува добро организирана, добро финансирана и многу насилна нео-нацистичка сцена, која планира да го убие еврејскиот кандидат за канцелар, а тоа да го претстави како дело на екстремните муслимани.

ДВ: Г-дине Кросланд, во вашата книга „Еврејскиот кандидат“, вие опишувате екстремна десница која има многу силна база, но тоа никој не го забележува. Како таа слика се споредува со вистинската Германија во која живееме?

ДК: Ја отсликувам сликата на нео-нацистичко насилство, особено во поранешниот комунистички исток, а тоа е секако мотивирано од секојдневните извештаи на медиумите, како и искуството на многу имигранти, баратели на азил, луѓе кои не изгледаат како Германци, левичарски активисти, кои често се напаѓани, повредувани а во многу случаи и убивани.

Ова е вистински феномен кој е присутен уште од 1990. години. Секако, екстремната десница не е голема политичка сила на национално ниво, но постојат мали заедници во источна Германија како што се, Мекленбург Предна Померанија во Саксонска Швајцарија каде тие имаат голема подршка на локално ниво.

Тоа е многу реален проблем, и се обидов да го прикажам колку што е можно пореално.

Значи вашата цел беше да насликате реална слика од Германија, користејќи го фиктивниот трилер како медиум?

Да. Уште откако првпат дојдов во Берлин како репортер за Ројтерс во 2001 година, пишувам на оваа тема. Уште од самиот почеток бев шокиран од тоа колку секојдневно ваквото насилство е, а колку релаксирано на него гледат властите. Ништо не се промени дури ни по случајот со НСУ.

Ако зборувате со луѓето кои им помагаат на жртвите од ваквото насилство и оние кои ги водат анти-расистичките кампањи, тие ќе ви речат дека работите не се имаат сменето доволно. Германија навистина мора да се разбуди и да го види овој проблем. Иако повеќето Германци не се чуствуваат загрозено од овој проблем, тој е навистина голема физичка закана. Додека пак долгорочно тоа претставува закана за репутацијата на Германија како цивилизирана демократија.

Во „Еврејскиот кандидат“, канцеларката се вика Ангела Милер, што е очигледна референца на вистинската канцеларка на Германија во моментов Ангела Меркел. Во книгата вие ја критикувате затоа што таа не превзема акција против нео-нацистите и нивното насилство. Дали тоа отсликува критика на владата на Меркел?

Токму така. Мислам дека Меркел не направи ништо да го реши овој проблем. Од политичка гледна точка, тоа е многу разбирливо. Тоа е голем изборен проблем, а од него не се добиваат гласови. Меркел е позната по тоа што турка теми кои и даваат максимизација на гласовите, па така што не сум изненаден.

Има толку многу иницијативи од источна Германија за борба против екстремната десница. Зошто не се качи во хеликоптерот и одлета на една од ѓраѓанските иницијативи против собирите на нео-нацистите? Не постои иницијатива на национално ниво да се справи со овој проблем.

Како што велите, нео-нацистите извршуваат криминални дела и убиства. Па како тогаш овој проблем останува „под радарот“?

Мислам дека причината за тоа е што поглемиот број на Германци не се чуствуваат загрозени од тој проблем. Германија направи толку многу за да се искупи од холокаустот и злосторствата на Третиот рајх. Затоа мислам дека постои тоа чувство дека „доволно е направено“. Постои и желбата комплетно да се игнорира и воопшто да не се признава постоењето на проблемот, затоа што тоа е непријатен феномен.

На некој начин тоа е разбирливо. Ова е екстремно демократска, добро владеена држава. Многу е побезбедна од многу други европски држави. Но постои овој, локален проблем на кој таа одбива да му посвети внимание.

Прашањето дали германската екстремно-десна партија НДП, е неуставна и треда да биде забранета често се појавува во јавноста. Дали вие подржувате забрана?

Моето мислење е дека таа дефинитивно мора да биде забранета. Мислам дека заради очигледни причини, Германија има многу силни закони за слобода на говорот, но мислам дека од овој аспект треба да се испрати пораки до некои мислења, посебно во оваа земја, за нив нема место и не се прифатени. Не ви се потребни информанти. НДП толку често покажува дека е недемократска. Не е само расистичка, ксенофобична, недемократска, туку отворено го обожава Третиот рајх и посакува четврт. Оваа партија мора да биде забранета.

Во книгата германскиот страв од муслиманите е искористен од нео-нацистите. Што мислите кој е најдобриот начин муслиманите да бидат подобро интегрирани во Германија?

Мислам дека Германија мора да биде поотворена и треба да се обиде да го приспособи својот образовен систем на нив. Секако ова е педесет - педесет ситуација, но не е можно дека после педесет години имиграција на Турците сѐ уште се гледа како на „ауслендери“ (странци), а не како на Германци. Мора да постои промена на пристапот кон овој проблем, и Германците мораат да разберат дека 15 до 20% од популацијата има имигрантско потекло. Тие мораат да бидат прифатени како Германци.

Има многу мал број на малцинства застапени во германската влада. Сметате ли дека тоа наскоро ќе се промени?

Ова е земја во која промените се случуваат доста брзо. Сепак сметам дека Германија е многу назад споредено со земји како на пример Британија, каде имигрантите се поприфатени во заедницата.

Социјално е прифатено, дури и кај пообразуваните и луѓето од средна класа да кажуваат коментари кои не би биле прифатливи во Британија и кои би се сметале за расистички.

Екстремната десница во книгата добива околу 11% од гласовите, што е многу повеќе отколку што НДП добива. Дали сметате дека денешнава екстремна десница е во можност да изведе атентат и заговор од размерот на оној кој е опишан во книгата?

Да. Дефинитивно. Тие имаат финансии, ресурси и се многу попаметни отколу што луѓето мислат. По се изгледа дека имаат пристап до огромен арсенал на оружје. Теоретски, што би ги спречило да најмат убиец и да го извршат атентатот.

Една од поентите на мојата книга беше: Дали е Германија подготвена за канцелар Евреин? Теоретски да. Стигнавме до фаза во која мислам дека луѓето би избрале Евреин како канцелар. Мислам дека повеќето би имале поголем проблем да изберат Муслиман за канцелар. Но исто така сметам дека нео-нацистичката сцена е доволно опасна за да го убие.

Давид Кросланд е дете на британски родители роден во Германија во 1967 година, во билингвалниот Бон, тогашен главен град на Германија, каде што неговиот татко бил коресподент. Кросланд стана почитуван новиран, работејќи за Шпигел и Ројтерс. Во последната декада ги фокусирал своите репортажи на екстремната десница во Германија.