1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија мора да биде Република на образованието

Во Дрезден денеска се одржува Самит за образованието во Германија. Со оглед на поразителните оценки за германскиот образовен систем последниве години, на средбата се договараат мерки за подобрување на неговиот квалитет

default

Дрезден

Денеска во Дрезден на Самитот за образованието во Германија, канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те германски сојузни покраини треба да ги договорат плановите и постапките за зголемување на квалитот на образованието во сите области. Германија мора да биде Република на образованието зашто ние во прв ред живееме од знаењето и способностите на сите граѓани“ - порачува Меркел во денешното издание на весникот Билд.

Квалитетот на образованието треба да се подобри

Училишното образование во Германија и натаму назадува. Тоа го потврдуваат и оценките во новата т.н Пиза студија за образованието, што ја изготвува Организацијата за екоконмска соработка и развој ОЕЦД. Германија според квалитетот на образованието споредено со другите земји во Европа се наоѓа на средината или во долниот дел на листата на ОЕЦД. Тоа е доволна причина за аларм за сите одговорни за образовниот процес да го загреат столчето за да добијат подобри оценки.

Педагозите во Германија веќе подолго време се жалат на лошите услови во училиштата. Еден од нив е и Михаел Мајстер кој како и неговите колеги се жели на презафатеност. Во училиштата има се’ повеќе ученици, а се’ помалку учители: „Со години ние учителите зборуваме дека ќе се случат такви ситуации или оти би можеле да се случат и не не’ слушаа. Политиката се крие зад реченицата: ’Учителите ќе го направат тоа или учителите мораат да го направат тоа’, и ние воопшто не знаеме повеќе што е напред а што назад. Утринава не сум седнал ниту една секунда. Настава, пауза, проблеми, и така натаму. Меѓутоа мора и да се предава, настават мора да биде добра. Сите овие работи ние мораме да ги оствариме тука.“ - вели Мајстер.

Самитот во Дрезден - нов почеток

Проблемот со презафатеноста на учителите меѓутоа е капка во морето, проблеми со кои се соочува германскиот образовен систем. Денешниот самит во Дрезден треба да означи почеток на нова клима на соработка меѓу сојузната влада и покраините во унапредувањето на образованието во Германија- порача канцеларката Меркел во изјавата за весникот Билд непосредно пред средбата. Според неа првиот заеднички Самит покажува дека и покрај сите несогласувања околу одговорностите, сојузната влада и покраините имаат намера да ги остваруваат заеднички договорените цели.

На денешниот Самит за образование треба да биде усвоена иницијатива која меѓу другото предвидува намалување за половина на бројот на млади кои се откажуваат од училиште, зголемување на бројот на оние кои запушуваат високо образование и подобра предучилишна јазична настава. Покрај тоа неомилените предмети како математика, информатика или техничките науки треба да бидат направени поатрактивни.

Претставниците на германското стопанство, кои веќе подолго време се жалат на лошо образованите ученици и на недостатокот од стручна работна сила, бараат од Самитот во Дрезден да приоизлезе голем поттик за подобрување на квалитетот на образованието во сите области.