1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија, локомотива на возот ЦЕФТА

Германските инвестиции имаат развоен тренд, во последните години се зголемени за 70насто, но позначајните суми ја заобиколуваат Југоисточна Европа. Македонија во таа насока дури стои полошо од своите соседи во регионот.

default

Знамето на Централно европската спогодба за слободна трговија (ЦЕФТА)

Германската економија е локомотива што ја влече композицијата на возот наречен ЦЕФТА. За земјите членки на оваа трговска организација, инвестициите од најсилната европска економија се од исклучително значење. Затоа треба да сторат се’ за да го привлечат вниманието на германските инвеститори и да го насочат капиталот кон своите пазари.

Ова се поентите од денешната конференција под наслов „ Германски инвестиции – развоен фактор за ЦЕФТА регионот“, што се одржа во Скопје. Присуствуваа претставници на деловните заедници на поголемиот број земји членки. Српските, хрватските, македонските претставници го претставија бизнис амбиентот во нивните земји пред делегатите на германското стопанство.

Македонија помалку атрактивна од соседите

Кога е во прашање статистиката, Македонија стои полошо од своите соседи. Германските инвестиции во Македонија се бројат во милиони евра, за разлика од германското инвестициско портфолио во Србија и Хрватска, на пример. Во Србија се слеале околу 1,5 милијарди евра германски директни инвестиции, а во Хрватска 2,5 милијарди.

Anila Shuka und Tobias Baumann

Тобиас Бауман (десно)

„ Во секоја анкета германските компании ги посочуваат административните проблеми, процесот на сертифицирање и корупцијата како најголеми причини што ги одвраќаат од намерата да инвестираат. Но тоа не е случај само со Македонија туку и со другите земји во регионот. Зошто Македонија стои послабо неможам јас да ви одговорам. Интерес постои, ако се реализираа само две инвестиции, таа на Хохтиф и проектот на РВЕ, сумата ќе беше значително поголема но тие два проекта не се реализираа не по вина на германските компании“, изјави Тобијас Бауман, директор на Германската индустриска и трговска комора за Русија, Источна и Југоисточна Европа, Русија и Турција и Цетрална Азија.

Негова препорака до бизнис заедниците на земјите членки на ЦЕФТА е да не очекуваат инвестиции од звучни имиња како Бош, Фолксваген и Континентал, туку да се насочат кон малите и средни германски компании.

Добри резултати во трговското портфолио

Директорот на македонската Стопанска комора Бранко Азески рече дека Македонија има добри резултати во трговската размена со ЦЕФТА. Вкупната трговија на годишно ниво инесува околу 1, 3 милијарди евра со суфуцит на македонска страна од околу 300 милиони евра.

„Според овие бројки Македонија има добра позиција во ЦЕФТА како предворје на ЕУ но неповолна е структурата на македонскиот извоз“, изјави Азески.

Според него, регионот има потреба од регионална финансиска институција која што ќе го поддржи извозот на земјите членки.

Германските инвестиции имаат развоен тренд, во последните години се зголемени за 70 проценти но позначајните суми ја заобиколуваат Југоисточна Европа. За звучните германски компании поатрактивни се некои други региони.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Симе Недевски