1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија кусо пред нова влада?

На долгото натегање околу идната влада на Германија очигледно му се ближи крајот.

Ангела Меркел-ќе стане ли наскоро канцелар?

Ангела Меркел-ќе стане ли наскоро канцелар?

По вчерашните тричасовни преговори околу содржинските прашања, партиите на опозиционата Унија и Социјалдемократите договорија за денеска разговор во „осум очи„ околу персоналните прашања.

По средбата обете страни манифестираа добро расположение и оптимизам:

„Заклучивме дека на содржински план постои солидна база„ – оцени кандидатот на опозицијата Ангела Меркел, а канцеларот Герхард Шредер додаде во истиот тон:

„Сондирачките разговори покажаа дека постои основа за создавање голема коалиција.„

Затоа:

„Овој ден би го сврстила меѓу оние, добрите„ – резимираше Меркел.

Значи, што се однесува до содржинските прашања за работата на новата влада може да се најде заеднички именител. Веќе и на претходните сондирачки разговори се покажа дека на полето на финансиската политика, на политиката на пазарот на работна сила или околу образованието и научните истражувања позициите на партиите не се битно оддалечени, појасни шефот на СПД, Франц Минтеферинг:

„Затоа нема понатаму да водиме сондирачки разговори. Се покажа дека можеме да разговараме. Ајде сега да најдеме начини како да почнеме коалициони преговори за создавање влада што ќе трае четири години и што ќе биде способна да се соочи со сите предизвици на оваа земја.„

Единствената и најголема пречка за создавањето голема коалиција во Берлин е и понатаму она за идниот канцелар.

„Се договоривме да оствариме уште една средба на највисоко ниво за да го решиме ова прашање, при што ќе бидат решавани и другите кадровски прашања за новата влада, но и за начинот на нејзино работење.„

Овој решавачки разговор за клучното прапање треба да се случи уште денеска, а учесници ќе бидат спорд договореното канцеларот Герхард Шредер и шефот на СПД Франц Минтеферинг, од една, и претседателот на ЦДУ Ангела Меркел и шефот на сестринската ЦСУ Едмунд Штојбер. Во овој состав треба да паднат сите кадровски решенија:

„Сметам дека на Унијата и‘ стана јасно оти не може да се договара само едно прашање, туку дека треба да се договори целокупната структура„ – изјави Шредер.

Клучни политичари на Унијата, како премиерот на покраинската влада за Хесен, Роланд Кох, се уверени дека ова е најава за отстапка од канцеларската функција на Герхард Шредер.