1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – Косово

*

Германија изрично му се спротиставува на секакво еднострано решение за Косово. Министрите за надворешни работи и за одбрана Франк Валтер Штајнмајер и Франц Јозеф Јунг на разговорите со српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ вчера во Берлин порачаа дека одлуката за статусот мора да се донесе во Советот за безбедност на ОН. Тие ја исклучија можноста да почне мисијата на ЕУ на Косово без претходно решение на Советот за безбедност за статусот.