1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – кампања за интеграција

*

Ден по вториот самит за интеграција, германската влада започна сеопфатна информативна кампања, со која се повикува на интеграција на граѓаните од странско потекло. Пратеникот на владата за прашања на интеграцијата Марија Бемер порача дека акцијата не се однесува само на општата јавност во земјата, туку дека е посебно насочена кон училиштатат и спортските сојузи. Со дополнителни кампањи, пак, треба да им се појасни на семејствата од турско потекло што носат новите закони за доселување. Повод за овие кампањи е отпорот на дел од турската заедница во Германија, кон новите одредби за спојување на сопружниците, според кои брачните сопатници кои по основ на брак се доселуваат во Германија мораат да бидат стари барем 18 години и да го познаваат германскиот јазик.