1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија и Франција ќе работат на „нова“ Европа

Францускиот претседател Саркози побара големи промени во ЕУ за да се излезе од финансиската криза. Плановите за реформирање и ново осмислување на Европа ќе ги анализира со германската канцеларка Меркел.

default

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози

Должничката криза во еврозоната која се заканува да прерасне во егзистенцијален проблем за целата ЕУ, според францускиот претседател Никола Саркози ја отвора потребата од големи промени во начинот на кој функционира 27-члената Унија.

„Европа мора да биде реформирана“, изјави Саркози синоќа во говорот во Тулон.

Тој најави дека ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник во Париз на дискусија која треба да ја обезбеди иднината на Европа. Германија и Франција заеднички ќе бараат промени во основните договори на ЕУ со цел да го осмислат и реформираат начинот на кој ќе се бара излез од кризата.

Frankreich Toulon Sarkozy Rede

Сцена од говорот на Никола Саркози во Тулон

Меркел ќе ја образложи европската политика на нејзината влада

„Повеќе дисциплина, повече солидарност, но и поголема одговорност кон граѓаните, вистинска економска влада. Тоа е нашата визија за иднината на еврозоната и за идната реформа на договорите“, порача Саркози.

И Германија претходно побара поголеми овластувања за Брисел со кои ќе може да ја контролира фискалната дисциплина на членките на еврозоната.

„ Доколку сакаме поголема солидарност, потребна ни е поголема дисциплина“, вели Саркози.

Во пресрет на самитот на ЕУ на 9. декември, канцеларката Меркел денеска ќе поднесе владина изјава за европската политика на нејзината влада. Шефовите на држави и влади на самитот во Брисел имаат намера да ги прецизираат последните детали околу европскиот пакет за финансиска помош. На самитот можно е да се отвори и прашањето за евентуално менување на европските договори. Според министерот за економија Филип Реслер, германската влада нема намера да отстапи од ставот, и натаму да ги одбива заедничките евро-обврзници.

Deutschland Finanzkrise Euro Angela Merkel Regierungserklärung im Bundestag

Ангела Меркел денеска повторно на отчет пред Бундестагот

Обединети Германија и Франција значат обединета и силна Европа

Германија и Франција се најголеми економии во еврозоната. Саркози ги посочи историските проблеми меѓу двете земји, но потенцира дека само тие две земји можат да создадат силна Европа.

„Обединети Германија и Франција значат обединета и силна Европа. Разединети Германија и Франција, значат слаба и поделена Европа“, заклучи францускиот претседател.

Двете земји и досега беа промотори на мерките за излез од кризата во еврозоната, но не секогаш имаа идентични ставови за клучните прашања. За разлика од Париз кон инсистира на поголема улога на Европската централна банка, Германија се залага за стрикна буџетска контрола и воведување мерки за штедење во задолжените економии.

Автор: Борис Георгиевски/дв/афп

Редактор: Симе Недевски

DW.COM