1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија и САД сакаат да склучат договор за спречување шпионажа

Германија и САД сакаат да склучат договор со кој ќе се исклучи можност за меѓусебно шпионирање. САД веќе и‘ понудиле на Германија склучување на „No-Spy“-договор, изјави шефот на кабинетот на канцеларката Роналд Пофала.

По вонредната седница на парламентарната Комисија за контрола на работењето на тајните служби, шефот на кабинетот на Ангела Меркел, Роналд Пофала (на фотографијата) изјави дека со самото тоа што е дадена понуда за договор за спречување шпионаша од страна на САД се докажува дека Американците не го кршат германското право. „Ваква понуда не можеше никогаш да биде дадена доколку изјавите на Американците дека се држат до правото и законите во Германија не одговараа на вистината“, нагласи Пофала денеска (12.08) во Берлин.

Тој истовремено објасни дека американската тајна служба НСА дала писмена потврда дека се држи до правото и законите во Германија. Освен тоа, НСА и британската тајна служба соопштиле дека во Германија немало општо прислушување и надгледување на податоците. „Обвинувањето за тотално надгледување во Германија, по она што го наведоа НСА, британската служба и нашите тајни служби, е тргнато од дневен ред“, изјави Пофала, додавајќи: „Во Германија не се случило повредување на основните права во милиони случаи, како што постојано се тврди погрешно.“