1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија и Полска во битка за врвот

Целото внимание на германската јавност денеска е насочено кон Келн каде попладне во големата спортска Арена се игра финалниот натпревар на светското првенство во ракомет меѓу домаќкинот Германија и Полска.

Германската репрезентација

Германската репрезентација

Германците се пред остварување на големиот сон, титулата светски првак, која досега на двапати ја освојуваа, во 1938 и 1978 година. Спортските јунаци ќе се обидат да го постигнат она што не им успеа на фудбалерите на последното светското првенство минатото, освојување на златото. Полска е единствениот тим од кој Германија на првенството претрпе пораз во прелиминарната фаза. 27:25. Пољаците знаат дека ги очекува тежок натпревар:

„Очекувам тежок натпревар и 20.000 публика во Келн кои ќе ја бодрат германската репрезентација. Но ние ќе се бориме. Нема да се предадеме„ изјави Крижтоф Лијевски

Истото го очекува и тренерот Богдан Вента:

„ Играме против една неверојатно мотивирана и самоуверена екипа. Но и нас не карактеризира истото. Сигурно дека ќе биде еден возбудлив натпревар, Се надевам„

Германскиот селектор Хајнер Бранд е свесен дека неговите избраници имаат за противник силен тим:

„ Полската репрезентацијадосега постојано располагаше со многу добри поединци но Богдан Вента успеа да направи од тоа тим, кој што во нападот има многу повеќе дисциплина. Научија и да играат и во одбрана„

Десното крило на репрезентацијата Флориан Керман се надева на освојување на титулата:

„ Сакаме да им го подариме на германците титулата светски првак, која ја посакуваат уште од летото 2006. Фудбалерите тоа не го остварија сосема и се надевам дека ќе успееме„

Франција и Данска во малото финале ќе се борат за бронзениот медал. Вчера во борба за петтото место Хрватска ја совлада Русија со 34:25.