1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германија и натаму ќе ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

Косово и иднината на регионот беше една од главните теми на седницата на работната група за надворешна политика од Социјалдемократската партија во Бундестагот, на која македонскиот амбасадор во Берлин, Ѓорѓи Филипов одржа предавање. Амбасадорот Филипов за македонската програма на Дојче Веле објаснува што најмногу ги интересирало пратениците и кои биле неговите одговори. Со Филипов разговараше Нада Шта

Македонскиот амбасадор во СР Германија, Ѓорѓи Филипов и германскиот претседател, Хорст Келер

Македонскиот амбасадор во СР Германија, Ѓорѓи Филипов и германскиот претседател, Хорст Келер

јнман.

Господине амбасадоре, кои беа најглавни точки на вашето излагање пред парламентарците?

Филипов: ”Имајќи предвид дека Германија е доста присутна во нашиот регион, во Југоисточна Европа и особено на Косово, кое што во моментов е тема што ја разбранува Европската унија и каде што Германците имаа значајна улога, голем дел од акцентот на излагањата беше на актуелната политичка состојба во Република Македонија, со поглед на одлуките што се донесени и што би се донесле во врска со Косово. ”

Каков став Вие застапивте?

Филипов: ”Дека Република Македонија го поддржува предлогот на Ахтисари за идниот статус на Косово, како урамнотежен предлог, кој претставува добра основа за одржливо решение и развој на Косово, а со тоа затворање на последното отворено прашање во ЈИЕ, дека ги поддржуваме двете страни – и Косово и Србија, значи Приштина и Белград, во напорите да му помогнат на тимот на Ахтисари. Во овој контекст, кажав дека од клучно значење е земјите од Европската унија, од НАТО, а со тоа и Германија, да имаат унифицирано поставување, што од друга страна ќе ни ја олесни позицијата и нам, како и на останатите држави во регионот и дека предвидената процедура за демаркација на границата е само техничко прашање и дека Република Македонија бара временско детерминирање за одвивање и окончување на процесот.”

Германските парламентарци се малку загрижени од можни евентуални конфликти на Балканот, што потекнуваат од Косово. Зошто? Каде ги гледаат проблемите?

Филипов: ”Добро, тука од една страна се крајните позиции на двете преговарачки страни. По којзнае кој пат беше покренато прашањето за воспоставување вистински политички дијалог меѓу опозицијата и позицијата, меѓу сите партии, вклучително албанските партии меѓу себе и македонските партии, се‘ во таа насока да евентуалните одлуки за натамошната судбина не добијат несакани размери. Јас потврдив дека демократијата во Република Македонија има капацитет да ги реши, би рекол, таканаречените прашања, зашто секоја друга демократска земја би била во ред, доколку немаме такво сложено прашање, како што е прашањето на Косово. Потврдив дека државните капацитети на Република Македонија можат да гарантираат стабилност на однесување на сите политички структури во земјата кон вака значајното прашање, бидејќи тоа е пред се‘, значајно прашање кон Република Македонија. ”

Конкретно Ве прашаа - кога ќе ги дадете сигналите, дали наскоро можеме да очекуваме сигнали од Република Македонија за подготвеност за зачленување во ЕУ?

Филипов: ”Ние веќе ги даваме сигналите и редовно праќаме месечен извештај за напредокот во однос на Националната стратегија за приближување кон ЕУ. Од друга страна, јасно се дадени сигнали секаде дека нема пречки, ниту пак скршнувања од таа ориентација. ”

Пратениците на Социјалдемократската партија во германскиот парламент се заложија и за тоа - името на Македонија да биде официјално признато и дадоа своја препорака до германскиот парламент. За името разговаравте и вчера.

Филипов: ”Имаше и прашања за името, но рековме дека разговорите околу несогласувањата за името се одвиваат во рамки на ОН, дека ЕУ е заинтересирана за бришење и на тоа прашање од дневен ред. Заеднички заклучивме дека е тоа ирационално прашање и дека сега одговорот на тоа прашање не е ни оддалеку со еднаква тежина како одговорот на прашањето за иднината на Косово.”

Дали откако бевте гостин во германскиот парламент имате чувство дека Германија ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ или во моментов е сепак поголема критиката во однос на непостоењето на флексибилност во Македонија во одот кон Европа?

Филипов: ”Укажувањето на потребата од забрзано решавање на некои прашања кои што во моментот можеби малку го сопираат нашиот од кон Европска унија значи само тоа дека Германија е силно ориентирана кон тоа да не поддржува и натаму и со уште позасилено темпо на нашиот пат кон ЕУ.”

Како по разговорите на Филипов во Социјалдемократската партија, гледа Ута Цапф, која претседава со групата за надворешна политика на СПД? Еве што рача таа за Дојче Веле:

Цапф: ”Мислам дека регионот во моментов се наоѓа во решавачка фаза, бидејќи не постои насекаде цврста стабилност. Затоа, мислам дека многу важна европската перспектива. Поради тоа, ме иритира кога има недоразбирања меѓу албанските партии и меѓу владата и најголемата албанска партија во Македонија. Ако, на пример, таму се појават тешкотии, проблеми, конфликти, кои на некој начин се поврзани со настаните на Косово, каде не тече се‘ во најдобар ред, тогаш може повторно да се соочиме со конфликти, кои нас како Европејци и така веќе многу не‘ загрижуваат. Затоа, за нас е важно, на Македонците да им испратиме јасни сигнали: останете на овој пат по кој тргнавте со спроведување на Охридскиот догово, на Договорот за стабилизација и асоцијација, со перспективата за пристап, со преговорите за пристап кои можеби наскоро ќе почнат и немојте да дозволите по никоја цена да влегувате во каква било конфликтна ситуација. Мислам дека е важно да го испратиме овој сигнал.”