1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија и Европа со радост го дочекаа новиот американски претседател

Европа очекува од САД во ерата на Барак Обама подобра соработка во решавањето на големите предизвици со кои е соочен светот.

default

Канцеларката Меркел очекува добра соработка со Обама

Канцеларката Ангела Меркел и шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер му ветија на новиот американски претседател соработка заснована на меѓусебна доверба. „Светот на почетокот на вашиот мандат се наоѓа пред важни предизвици. Уверена сум дека воп тесна и доверлива соработка меѓу САД и Европа решпително ќе ги пресретнеме новите опасности и ризици и дека ќе ги искористиме бројните шанси што ни ги отвора нашиот глобализиран свет“ – вели Меркел во честитката до Обама. Германската влада е постојанои свесна за вредноста на нашето трансатлантско партнерство и на заедничката иднина, нагласува канцеларката.

Aussenminister Steinmeier Rede zum Wahlsieg Barack Obama

Шефот на дипломатијата Штајнмајер утринава на прес-конференцијата по повод изборот на 44. американски претседател

Вицеканцеларот и министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, пак, оцени дека Обама е политичар кој е во состојба да ги приближува ставовите и да изнаоѓа заеднички решенија и на крајкот да дејствува разумно и суверено. Со неговиот избор Америка се одлучила за промена како во внатрешната, така и во надворешната политика.

Барозо очекува „new deal” од Обама

И претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо му честиташе на Барак Обама за победата. Тој изрази надеж дека САД под раководство на Обама ќе ги обединат силите со Европа за на светот да му донесат „нов договор„ („New Deal”) „за доброто на општеството и на целиот свет„. Сегашнава криза би требало да се свати како прилика, рече Барозо во Брисел непосредно по објавувањето на резултатот од изборите. Потребен ни е „New Deal” за нов свет.

China Asien EU Finanzkrise Treffen in Peking Jose Manuel Barroso

Претседателот на Европската комисија, Барозо очекува нов американски „new deal“

За потсетување, “New Deal“ како поим е познат од времето на 30-тите години кога американскиот претседател Франклин Рузвелт, како реакција на тогашната светска економска криза, го објави истоимениот економски и социјално-политички пакет.

Саркози од името на ЕУ вети тесна соработка

Францускиот претседател Никола Саркози му честита на победникот Обама и му вети дека Европа ќе соработува со него. Во време на големи предизвици изборот на Обама буди голема надеж во Франција, во Европа, но и насекаде. „ Во ова време на превирања во светот и големи сомнежи, американскиот народ имајќи доверба во вредностите што произлегуваат од американскиот идентитет, енергично ја демонстрираа својата вера во напредокот и иднината„ - порача Саркози по победата на Обама.

Finanzgipfel Bush Sarkozy

Саркози подготвен на соработка и со новиот шеф на Белата куќа: со Буш го врзуваше добро пријателство

Како претседавач на Советот на Европската унија, францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер му честиташе на Обама. „На Франција, на Европа и на меѓународната заедница потребна им е неговата енергија, неговиот начин да и’ се спротистави на неправдата и неговата одлучност да оди напред за да се создаде поправеден и постабилен свет„ напиша Кушнер во честитката.

Експертите очекуваат попријателски, но решителен тон на Обама кон Европејците

Што се однесува до односите на САД со Европа и посебно со Германија, поранешниот германски амбасадор во САД Јирген Кробог по историската ноќ во Америка оцени:

„Сите барања ќе бидат ублажени, ќе станат до некаде попријателски, но исто така ќе бидат поставени и поинтензивно и понастојчиво. Ние во Германија ќе бидеме повикани на одговорност, секако и другите во Европа, но ние Германците посебно. Тоа пред се’ ќе важи за нашиот ангажман во Ирак, каде ќе треба да направиме повеќе, пред се’ на финансиски план. Тоа важи и за нашиот воен ангажман во Авганистан. Барањата ќе бидат многу јасно поставени и на германската влада нема да и’ биде лесно да се повлече„.

John Kornblum

Европа мора да ги артикулира сопствените интереси: поранешниот американски дипломат Џон Корнбул

Поранешниот американски амбасадор во Германија Џон Корнблум, пак, вака ја коментира победата на Обама и нејзиното значење за односите со Европа:

„Верувам дека ќе се воспостави сосема поинаков вид на дијалог со Европа. Ми се чини дека за Европа ќе биде важно во идните години да се пројави чувство, односно да се најде концепт за сопствените интереси, но и за поврзаноста со САД. Тоа чувство сепак треба да произлезе од самите Европејци, а не да биде одговор на барањата на САД.“

Ирачаните не очекуваат големи промени во американската политика

Владата во Ирак не се надева на скорешно повлекување на трупите на САД . Победата на Обама нема да донесе „итно повлекување на американските трупи„ - рече ирачкиот министер за надворешни работи, Хошјар Себари. Тој не се надева на драстична политичка промена во САД, бидејќи Обама во изборната кампања најави повлекување на американските сили од Ирак во рок од 16 месеци.