1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија и двојното државјанство - можности и последици

Бројни мигранти во Германија мораат да се откажат од своето државјанство за да добијат германско. Тоа понекогаш носи фатални последици. Германската опозиција бара промени.

Родендените обично се причина за славје. Но, на една Германка со турско потекло од Ханау во Хесен нејзиниот 23 роденден и’ донесе непријатно изненадување. Во службениот допис на надлежните органи од градот Дармштад се наведува дека со „навршувањето на 23-та година од животот според законот го загубила своето германско државјанство“. До тогаш оваа девојка, инаку порасната во Хесен, каде и одела во училиште, и чии родители се преселиле од Турција во Германија, имала и германско и турско државјанство. Но, според постоечкиот закон со 23 години таа морала да се одлучи за едно од тие две државјанства.

„Деца со опција“ – така ги нарекуваат во германските надлежни установи. Таквите личности не можат трајно да имаат двојно државјанство. Оваа млада жена веќе поднела барање во конзулатот на Турција за отпуст од турско државјанство. Но, било предоцна, бидејќи таа постапка трае повеќе месеци со што истекол законски предвидениот рок.

Ова не е единствен случај. Од почетокот на годинава, како што вели Мартин Јунгникел, претставник на властите во градот Дармштад, под нивна надлежност имало 12 такви случаи во кои „децата со опција“ го пропуштиле со закон предвидениот рок и го загубиле германското државјанство.

Zum Geburtstag ausgebürgert - Die Schülerin Ilgin Dagci

Ученичката Илгин Дагчи исто така го загуби германското државјанство

Има многу исклучоци

Германија во принцип не дозволува никој трајно да поседува два пасоша. Сепак, има многу исклучоци. Граѓани на другите земји од ЕУ, како и Швајцарија, можат на пример покрај сопственото трајно да имаат и германско државјанство. Исклучоците се можни во случај ако некои земји, како што се Сирија и Иран, не им даваат отпис од државјанството на своите граѓани. Освен тоа, секој кој има еден родител Германец има право на два пасоша.

Германските Турци претставуваат најголема група од оние на кои сето тоа се однесува. Претставувајќи ја турската заедница во Германија Кенан Колат посакува „генерално да се прифати можноста за поседување повеќе државјанства“.

Според неговите зборови, двојното државјанство значи „признавање на културата“ на луѓето на кои се однесеува тоа. Важно е да „нема дискриминација меѓу државјаните. Тоа го навредува чувството на праведност“. Министрите за интеграции во оние германски сојузни покраини каде мнозинството претставници се од опозициските партии СПД и Зелените го поддржуваат принципот на двојно државјанство. Тие германски сојузни покраини сакаат притоа да покренат и соодветна законска иницијатива во Бундестагот. Но, мали се шансите таа да пројде пред претстојните избори во Германија наесен оваа година.

Младата Германка со турско потекло од Хесен нема право на приговор поради одземањето на нејзиното германско државјанство. Но, како што вели Мартин Јунгникел од Дармштад, „таа може да поднесе барање за повторно добивање на германски пасош. Тоа чини 255 евра и шансите за успех се добри“.