1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија и Британија во клинч за иднината на Европа

Германскиот и британскиот министер за надворешни работи понудија различни визии за иднината на Европа, на форум организиран во Берлин. Дали Лондон се оддалечува од ЕУ?

Шефовите на дипломатиите на двете земји Гидо Вестервеле и Вилијам Хејг различно гледаат на суштинските прашања за иднината на Европа. За разлика од Вестервеле, кој на форумот организиран во Берлин, оцени дека Европа треба да се насочи кон заедничка работа за да излезе од должничката криза, Хејг рече дека напредокот на Европа „не значи дека треба да се бара заедничка европска позиција и глас за се’“.

Хејг уште еднаш децидно ја отфрли можноста Велика Британија да се приклучи кон новата банкарска унија во еврозоната и предупреди на ризиците за заедничкиот европски пазар предизвикани од натамошната европска интеграција.

На форумот, кој беше организиран од фондацијата Кербер присуствуваа околу 260 гости од 50 земји.

Вестервеле, пак, предупреди дека „оние кои сметаат дека можат да продолжат сами во иднината, треба да ја погледнат историјата“.

„Ние европјаните сме силни само заедно и само заедно можеме да преживееме во светот кој се менува“, рече Вестервеле.

Лондон против заедничките одлуки

Спротивставените изјави на форумот се само потврда на растечката загриженост во делови од Европа дека Британија зазема се понезависни ставови во однос на ЕУ, па дури и можноста да истапи од 27-члениот блок.

Aussenministertreffen in London Guido Westerwelle William Hague

Вилијам Хејг и Гидо Вестервеле

За разлика од официјален Берлин кој притиска за поголема политичка унија во ЕУ, за британскиот министер Хејг поголема важност имаат националните парламенти наспроти зајакнувањето на европските политички институции.

„Не е ниту правилно, ниту реално да се очекува дека прашањата за војна и мир треба да се решаваат со гласање на квалфикувано мннозинство“, рече Хејг.

„Само затоа што некои нешта функционираат добро во координација со сите европски партнери, тоа не значи дека се’ треба да договараме ние 27.“, заклучи Хејг.

На крајот тој ги предупреди земјите од еврозоната да не размислуваат за нови промени заради решавање на должничката криза со кои би се загрозил заедничкиот пазар, кој според Лондон е најголемиот успех на ЕУ.
„Најдобриот начин за раст на нашите економии е преку трговија, во рамките на ЕУ и надвор од неа. Тоа значи експанзија и продлабочување на нашиот заеднички пазар“, рече Хејг.