1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија испланира нови долгови

Германскиот буџет за 2013-та година е „скроен“. Тој предвидува ново задолжување на земјата, но нешто помало од она што првично го бараше министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Комисијата за буџет на Бундестагот во Берлин, со гласовите на партиите на Унијата и на ФДП, го договори предлог-буџетот, кој за наредната година превдидува ново задолжување во висина од 17,1 милијарди евра. Тоа се 1,7 милијарди нови долгови помалку отколку што предвидуваше првичниот предлог на министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Вкупните издатоци на сојузот ќе изнесуваат 302 милијарди евра, а се претпоставува дека од даноци ќе бидат собрани 260,6 милијaрди евра. Во ставката на останати приходи се наведени парите од приватизација, кои ќе изнесуваат 24,29 милијарди евра. Токму во тој дел доаѓаат и критиките од опозицијата. Експертот на опозиционата СПД за буџетски прашања, Карстен Шнајдер, критикува дека владејачката коалиција се служи со „трикови“ и го разубавува буџетот за наредната година со тоа што парите од приватизација наместо за 2012 ги одлага за реализација во наредната година.

Бундестагот ќе гласа за буџетот за две недели.