1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германија - инспирација за уметниците

Во Берлин се одржува манифестацијата „Денови на надворешната културна политика“. Министерството за надворешни работи, со партнери како институтот Гете, фондацијата Хумболт и Дојче веле, претставува обемна програма.

default

За уметниците и културните работници престој во странство честопати носи огномет од нови идеи и свежи инспирации. Украинскиот писател Јури Андрухович има сопствено искуство со тоа: Германската служба за академска размена го покани да работи една година во Берлин како стипендијант. Тоа беше многу среќно и продуктивно време, во Берлин ја напишал својата најнова книга, со задоволство зборува Андрухович. „Со оглед на тоа, дека од тоа време досега ништо ново не напишав, мислам дека Берлин за мене е некако магично место. Сега шпекулирам дека можеби веќе само таму и можам да работам“.

Нему, како и на други уметници од странство престој во земјата им овозможи надворешната културна политика на Германија. Од стипендиите за патувања во странство профитираат и голем број германски студенти, уметници и културни работници. Колку плодоносни можат да бидат таквите интеркултурни средби треба да покажат и „Деновите на надворешната културна политика“ преку филмови, концерти, дискусии и предавања.

Можност за средби

Вернер Внент од министерството за надворешни работи вели: „За надворешната културна и образовна политика се трошат многу пари. Во последните три години средствата се зголемени за 35 проценти. Затоа е легитимно да се каже дека сакаме да покажеме што правиме надвор во целиот свет - и тоа е вистински една глобална политика“.

„Деновите на надворешната културна политика“ се и можност за средби на луѓе од сите делови на светот - на „Долгата ноќ на африканска видео-уметност“, или на филмска вечер, што заеднички ја подготвија германски и ирански студенти на филмска уметност. „Ние сакаме“, вели Вернер Внент...„... да агитираме за модерна Германија, отворена кон светот, за нејзините позиции и вредности. Сакаме да градиме мостови и да создаваме мрежи од врски меѓу луѓето, со кои сакаме заеднички да ја креираме иднината“.

Автор: Нина Веркхојзер / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM