1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија има проблем со својот имиџ кај доселениците

Германија заостанува во меѓународни рамки во делот на доселување на висококвалификувани работници. Во најновиот извештај на ОЕЦД се констатира: германските претпријатија ретко вработуваат стручњаци од странство.

Пречките за вработување странски стручњаци во Германија се помали во споредба со други индустриски нации, но сепак, германскиот систем на доселување во земјата и во странство се гледа како рестриктивен. Тоа е главната констатација во извештајот „Доселување на странска работна сила: Германија“ на Меѓународната организација за соработка и развој (ОЕЦД).

Кај работодавачите во Германија широко е всадено убедувањето дека придобивање странски работници е компликувано, се вели во извештајот. Експертите зборуваат за „стоп на привлекување странски работници со исклучоци“. Оттука, Германија би морало да дозволи во основа работна миграција под јасно дефинирани услови и да ги намали пред се‘ пречките за странците со средни квалификации за да привлече повеќе стручњаци од странство.

Колку што германскиот систем на доселување е широкоград за стручњаците со високошколско образование, толку е тешко доселувањето на квалификувана работна сила која нема универзитетска диплома, нагласува генералниот

Belgien flämischer Ministerpräsident Yves Leterme

Ив Летерм: Тешко е доселувањето на луѓето со средни квалификации

секретар на ОЕЦД Ив Летерм. Тоа е причината зошто во Германија, споредено во меѓународни рамки, доаѓаат малку странски стручњаци. Бројот на работници кои годишно доаѓаат во Германија од земјите кои не се членки на ЕУ и на ЕФТА, изнесува околу 25.000. Мерено според бројот на население, во Австрија, Данска, Канада и Велика Британија годишно на пазарот на работна сила доаѓаат пет до десет пати повеќе доселеници.

Експертите нагласуваат дека лошиот имиџ на германскиот систем не е оправдан. Времето на обработка на документите не е долго, постапката е финансиски по поволна цена, а квотата на одбивање е ниска. Поголема пречка е да се најде соодветен кандидат, гласи еден друг резултат од студијата на ОЕЦД. Малите и средни претпријатија во Германија инсистираат главно на познавања на германскиот јазик и бараат многу специфични квалификации кои тешко се наоѓаат во странство.

Symbolbild Blue Card für Europa

Сината карта донесе подобрувања, но...

Германската влада во изминатите години го олесни доселувањето на стручна работна сила. Најдолната граница на заработувачка на висококвалификуваните е симната со воведувањето на Сината карта на ЕУ, а за одделни професии отпаднаа и испитите со кои се врши селекција на кандидатите. Освен тоа, признавањето на странски дипломи за странците кои живеат во Германија е олеснето. Сепак, владата и опозицијата и натаму инсистираат подобро да се користи работниот потенцијал што веќе е на располагање во земјата, како поголемо вработување жени и постари лица, како и намалување на бројот на ученици кои предвреме го прекинале школувањето.