1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија има помалку жители отколку што се мислеше

Бројот на жители во Германија е понизок отколку што се претпоставуваше. Според резултатите од пописот во 2011 година, во земјата живеат 80,2 милиони жители, или 1,6 милиони помалку од претпоставките.

Прогнозите се пред се‘ неточни во делот на странците во земјата - пописот покажа дека во Германија живеат 6,17 милиони луѓе со странски пасош, односно цели 1,1 милион помалку отколку што се претпоставуваше. Вкупниот број луѓе со странско потекло, значи вклучително и оние кои имаат германски пасош, но се со потекло од друга земја, изнесува околу 15 милиони. Тоа се 18,9% од вкупниот број на население. Притоа, Хамбург има најголем процент граѓани со мигрантски корени - 27,5%, додека во сите покраини кои некогаш беа дел од поранешната ГДР има помалку од 5% граѓани со мигрантско потекло.

Што се однесува до соодносот на мажите и жените, тука во минимална предност се жените. Нивниот број е 40,06 милиони, додека бројот на мажите е 39,15 милиони.

Symbolbild Zensus 2011 Volkszählung

Прогнозите најмногу „промашија“ во делот на странците

Во Сојузна Република Германија последен пат попис беше извршен во 1987 година, додека во ГДР луѓето последен пат биле изброени во 1981 година. Врз основа на резултатите од овие пописи, во годините што следуваа се правеа само проценки, па податоците беа се‘ понепрецизни. Во 2008 година ЕУ пропиша дека земјите членки на Унијата мора да вршат попис еднаш на десет години. Пописот кој ги даде актуелните податоци во Германија почна во 2011 година. Две третини од населението не беше директно анкетирано, туку податоците се собрани врз основа на прилив на податоци, прашалници и интервјуа. Сојузниот уред за статистика денеска објави само дел од резултатите на пописот. Резултатите што се однесуваат на односот на семејства и домаќинства треба да бидат објавени на почетокот на 2014 година.